ДЕТСКИ СОН ПРЕТОЧЕН ВО НАГИЗДЕН АВТОМОБИЛ

Марјан Ристески (40) вљубеник во олдтајмери

Претседателот на Тјунинг кар шоу клубот од Прилеп кој постои веќе 14 години, Марјан Ристески (40) со својот нагиздан автомобил ги воодушеви посетителите за време на егзибицијата по повод 11 Октомври. Неговото возило Хонда е спорски модифицирани возила и иако не беше најстаро предизвика воздишк ии љубопитност на настанот во центарот н аградов. Тиркизното возило е страст и опсесија на Ристески. Сон сонуван, и оставрен со кое сега освојува бројни награди.

Произведено е 1995 година. Ристески го има веќе 4 години, од кои дури три траела реставрацијата. Било разглобено до последно штравче. Мајстори, еден, друг, трет го составувале. Се вложил многу труд и средства. Автомобилот бил пескарен за да се заштити од временските услови затоа што  за неколку години влегува и во категоријата олд тајмери.

– Хондата ја набавив од еден љубимец, исто така на олдтајмери, од Скопје кој замина во странство. Една ипол година го молев за да ми ја продаде. Моделот уште како дете го сонував, беше една од најскапите коли во моето детсвтво, кабриолет двосед. Сонував кога ќе дојде денот да купам таков автомобил. И дојде тој миг, но купив “каначка”. После три години, автомобилот го доби локот кој беше во мојата фантазија. Го имам тоа што го посакував. Сеуште не е стоотсто “скоцкан”, но со мој придонес би требало да биде тоа што го сакав. Сонот ми беше да ми биде најексцентричната кола во Македонија. Го имам постигнато тој филинг и возилото е атрактивно, забележително со спорстки звук – вели Марјан Ристески, вљубеник во олд тајмери.

За една година со Хондата успеал да освои 5 пехари. Се натпреварувал во Екстрем пауер во Скопје, добил награда за најекстремно возило во Македонија. Потоа освоил награда на Тјунинг Чаир и во Неготино. Секој дел возилото го прави. посебно

-Најдобро е направено спортско возило. Најмногу е вложено. Автомобилот има спортски лик, со добро озвучување, специјален менувач, мотор, каросерија, бојата, бандаши и гуми скап. Тркачки сопирачки, дискови, посебен браник, ауспуси… Надворешен дизајн, ентериерот е посебен, седишта… Сите детали се критериуми за екстремни возила, се што е наместено на автомобилот е различно од постоечкото. Оригиналот ги нема тие елементи. Затоа има перформанси на спортско возило. Деловите се набавувани од цел свет. Фаровите се од Мексико. Чинеа 350 евра, плус транспортот 150 евра. Купував делови од Грција, од Бугарија, Србија. Покривот е од Германија – објаснува Ристески.

Вредноста на олд тајмерот не може да ја изрази низ бројки, но вели дека секако е над 20 илјади евра. Цената растела со староста на возилото. Во Македонија има вкупно 6 такви возила. Возилото е хит во земјава бидејќи е украсено.

-Многу труд е вложен. Ни на крајот на умот не би ја продал за ниедна цена. Имав понуди во Скопје и не влегувам ниту во дуел за пазарење. Сега е мини-џуниор и за неколку години ќе влезе во олдтајмер – објаснува Ристески.

Шири позитивна енергија. После секое возење, го мие, брише и сместува в гаража. Ја чува за изложби и посебни пригоди. Ниска е, 5 сантиметри од земја и во дупки лесно може да се скрши браникот. Додатоците се во законски рамки. Светлата под возилото и во хаубата се за шоу, за атракција.

-Ја чувам колку што можам. Бојата на возилото е елза, плава и ќерка ми сакаше елза, а жена ми бела, и излезе тиркизна. Возилото е за двајца, заради ќерката го возиме другиот автомобил. Ова е една љубов, негде треба мзоокот да го насочиш. Поттик за младите да имаат фокус за да избегнат други пустошења – вели Ристески.

 За годинава биле завршени сите собири на ретки автомобили. Учествувал на над 60 шоуа. Со членовите на клубот кој брои околу 50 “заразени” за автомобили, се подготвуваат за в година. Доста се солидарни, заедно учествуваат на настани во клубот и си помагаат за делови.

СОПРУГАТА ИМА СЕНС ЗА ЉУБОВТА КОН 4-ТЕ ТРКАЛА

Сопругата го поддржува во хобито.

– Сака многу трпение, затоа што не може да се најде во салон за автомобили. Ова е уметност, секој уметник не може да има иста замисла и затоа е уникатна. Со саати го нема, некогаш му велам во гаражата ли ќе спиеш – вели сопругата.

Таа е креторот на видеата за промоција на активностите на Тјунинг кар клубот.   

Loading