ДЕТОКСИКАЦИЈА СО МОРКОВ И МЕД

Познат е овој народен рецепт. Посебен ефект има врз мрзеливите црева, подуеност на стомакот и гасови. Кога организмот е во добра состојба, тоа се отсликува и на кожата.

Морковот има многу позитивни ефекти, благодарение на влакната, витаминот А и изобилството на бета каротен. Кога ќе се помеша уште со неколку состојки, се добива мевлем за стомакот. Се користи при проблеми со цревата  и за проблемите со кожата. Успешно ги мобилизира мрзеливите црева, подуеноста и создавањето на гасови.

Потребни се 3 поголеми моркови, лажица мед, прстофат чили во прав или мелен црн пипер, лажичка маслиново масло. Се рендаат морковите, па се додаваат останатите состојки. Се меша додека да се соединат и лекот е готов за употреба.Се препорачува да се јаде наместо појадок. Пожелно е да се консумира половина час после будењето.

Со редовна примена за 10 дена, се бележи огромно подобрување и чувство на леснотија во кожата.

Loading