ПАРАДА НА „УБАВЦИ“ НА 4 ТРКАЛА

Хуманитарна димензија имаше годинешната изложба на автомобили која за празникот 11 Октомври. Собраните средства, од котизацијата на учесниците од учесниците се донирани на четирите прилепски семејства чија заедничка куќа изгоре во пожар неодамна.

По пауза од шест години, заради ковид пандемијата и недостаток на средства, во организација на Тунинг карар шоу, Прилеп повторно стана дестинација каде вљубениците на “убавците” на четири тркала ги довезоа за да се пофалат пред очите на јавноста.

– Имаше автомобили и учесници од цела Македонија со хуманитарен карактер со кој покажавме човечност и поддршка за прилепските семејства. Помогна и локалната самоуправа и голем број спонзори – вели Марјан Ристески, претседател на клубот Тунинг кар шоу.

На дел од булеварот “Гоце Делчев” беа презентирани над стотина автомобили кои “пркосеа” секој со своите “атрибути” во неколку категории. Некои пленеа со својата надворешност, некои со внатрешноста, екстремното подесување, квалитетот на звукот, имаше и теренски возила, олдтајмери, а беше избран и најдобриот автомобил на шоуто.

Паралелно се одржа и настан за олд тајмери.

Loading