В ЏЕБ ОД 650 ДО 1 000 ЕВРА МЕСЕЧНО

Колку се платите на директорите на јавните претпријатија?

Очите на прилепчани се вперени во јавните комунални претпријатија во очекување на новите цени на услугите. Во услови кога семејниот буџет не е доволен за основните егзистенцијални потреби, ременот уште повеќе ќе се стега кога освен за електрична енергија, ќе треба да го доодврзат кесето и за повисоките комуналии?!

Стравуваат дека на наредната седница, Советот, во кој мнозинствотото се од ВМРО-ДПМНЕ, ќе дадат зелено светло на новите ценовници на претпријатијата, чиј основач е Општината. Дека ќе има зголемување на сметките, суптилно најавија и директорите излегувајќи во јавноста со изјави за тешката состојба во јавните претпријатија и неминовноста од корекција на цените на услугите. Модусот е во зголемувањето на цената на електричната енергија и во стравувањето за финансиската кондиција на претпријатијата. Ќе биле приморани да бараат излезни решенија, кои вклучуваат и коригирање на постојните цени, односно ќе биле приморани да ги вклучат во цената на услугите новите пазарни вредности на енергенсите.

И додека граѓаните се тресат во очекување на нов ценовен шок за комуналните услуги, имаат право да знаат колку и како се платени менаџерите за да ги раководат јавните претпријатија кои се под капата на локалната самоуправа, а на која и ја дадоа довербата. Со парите од прилепчани се плаќаат директорите за да раководат и управуваат економично, рационално и рентабилно  со комуналните претпријатија.

Користејќи ја алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер добивме одговори на барањата колку се нето платите на директорите на ЈКП Комуналец, на Водовод и Канализација, Пазари и ЈП за ПУП. Од добиените информации се гледа дека се движат од 650 до приближно 1000 евра месечно. Зоран Јовески, в.д. директор на ЈП за ПУП прима 40.500 денари месечно. Висината на платата на директорот на ЈКП Пазари, Игорче Крстески изнесува 41.349 денари. Рубинчо Абрашоски за раководењето на ЈКП Комуналец добива 56.595 денари. Директорот на ЈКП Водовод и канализција, Игор Гулабоски има плата од 61.600 денари.

Освен висината на платите, за избраните и именуваните функционери не смее да биде тајна ниту имотната состојба. Со анкетните листови доставени до Државната комисијата за спречување корупција, законски се обврзани да го пријават не само личниот имот, туку и  движниот и недвижен имот, банкарските депозити и долговите на брачниот другар. При електронското пребарување, во ДКСК фигурираат само анкетрните листови на Игор Гулабоски и на Зоран ЈОвески, додека Содржинта на невизниот и подвижниот имот не мое да се најде на Рубинчо Абрашоски и на Игорче Крстески. Според законот, неподнесувањето на анкетен лист на именуваните функционери се санкционира со казна од 500 евра. Се пријавува секоја нова значителна промена во имотната состојба. По завршувањето на мандатот, по оставка или разрешување пак се поднесува нов анкетен лист да се види со каква имотна состојба заминува функционерот.

СДСМ: НЕСПОСОБНИ СЕ ДА МЕНАЏИРААТ

Од ОО на СДСМ реагираат дека директорите на локалните јавни претпријатија, по 11-месечното игнорирање и ставање на проблемите под тепих, со својата неспособност да ја извршуваат функцијата која ја заслужиле само заради партиската припадност, јавните претпријатија ги довеле на прагот на рентабилност. Спасот од безизлезот ќе го бараат во зголемување на цените на услугите. Ако имаат пари за партиски вработувања, тогаш мора да имаат пари и за тековни трошоци – велат од СДСМ.             

Loading