ЕФИКАСЕН ЛЕК ЗА ИМУНИТЕТ

Болестите можат да ја сменат крвната слика. И обична настинка, се прикажува со зголемени вредности на бели крвни клетки, леукоцити. Иако некои отскокнувања се повремени, добро е навреме да се регулира со природни лекови. Лекарите препорачуваат посилна храна со намирници богати со витамин Ц, железо и фолна киселина.

Ниеден синтетички суплемент не се споредува со природните за подобрување на крвната слика. Со здрави намирници се подобрува крвта и расти бројот на еритроцити.

За анемични лица, се препорачува во храната да е богата со железо во комбинација со оние со витамин Ц и фолна киселина. Треба повеќе да се јаде грав, грашок, спанаќ, интегрални жита, а од месо, црн дроб, риба-туна.

За добра крвна слика се потребни 1 кг. цвекло, 1 кг. моркови, 1 кг. јаболка, 4 лимони, 250 гр. мед. Зеленчукот и овошјето се мијат под млаз ладна вода, се лупат и се рендаат цвеклото, морковите и јаболката. Се додава сечкан лимон со кора.  Се меша со медот до соединување. Смесата се остава покриена со газа 24 часа. Следниот ден  се цеди и се и истискува сокот преку газа да се извлечат повеќе од состојките. Сокот се чува во шише во фрижидер. Пулпата може да се свари како џем или да се изеде.

Се пие по една ракиена чаша секое утро, во голтки, не одеднаш.       Цвеклото е важна состојка, оти изобилува со минерали и витамини, вклучувајќи го и Б12. Содржи многу железо, важно за анемичните луѓе. Морковот е меѓу најздравите зеленчуци поради антиоксидансите. Корисен е за кожата и видот. Јаболкото е најраспространето овошје во светот. Нема голема енергетска вредност. Погодно за диета. Изобилува со минерали, витамини и други корисни состојки. Лимонот е полн со витамин Ц. Го забрзува разложувањето на мастите и го јакне имунитетот. Медот е високо хранлива намирница. Лесно се дигестира. Ги содржи сите ензими за разложување.

Количината се консумира при настинка и веднаш се подобрува крвната слика и јакне имунитетот.

Loading