ПОДАРОЦИ ЗА ГРАДИНКАТА       

Асоцијацијата Лаг агро лидер уште еднаш демонстрира грижа за најмалите сместини во градинките. За да им го направи денот и престојот во градинката “Гоце Делчев” попријатен и позабавен, а водејќи се од премисата дека децата се воспитуваат од мали нозе на здрав живот со ориентација на спортови, асоцијацијата донираше спортски реквизити. Асоцијацијата, преку подарокот, изрази благодарност до тимот на градинката за соработката и посветеноста во обезбедување на активно учество на децата во спортски игри и создавање здрави навики уште во раното детство.

Донацијата сигурно нема да биде последна. Ќе продолжи подавањето рака на поддршка за подобрување на условите во стекнувањето на културно и етичко однесување на децата не само во градинките.

Loading