ЕКС КОМАНДИРОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ 4,5 ГОДИНИ ЗАД РЕШЕТКИ ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА

Кривичниот суд во Скопје му пресуди 4,5 години затворска казна на екскомандирот на прилепската полиција Кирил Спиркоски. Обвинителството го товареше, а судот му пресуди за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Тој бил дел од шестчлената група која лани во април договориле зделка со НН лице од Грција, па неовластено, заради продажба, набавиле 199,444 кг. марихуана. Транспортот беше откриен и пресечен со посредство на американската агенција за борба против дрогата ДЕА во Македонија на патот Прилеп – Градско. Спиркоски го следел транспортот.

Loading