„ЗА НАШ ПРИЛЕП“ ПОСЛЕ КУМАНОВО  

Максим Димитриевски во акција

По стапките на Куманово, тргна и Прилеп. Максим Димитреивски, градоначалникот на Куманово и предводник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово”, во Прилеп се сретнал со дел од иницијативниот одбор за формирање на граѓанското здружение „За наш Прилеп”. Наскоро ќе се регистрира граѓанското здружение кое што ќе работи од прилепчани за прилепчани за афирмација на политиките на здужението и подобри услови за живот на сите граѓани во Прилеп и во Македонија.

– Драги пријатели, храбри луѓе, нека ви е со среќа и успех за вашата идеја да се преточи во реалност – напиша Димитриевски на ФБ.

Прилеп и Куманово се градови првоборци во кои пукнала првата пушка за народноослободителната борба.

Loading