ЗНАМЕ В ЗЕМЈА

Македонското знаме се најде на длабочина од 1200м. В земја го распосла прилепчанецот Дарко Неданоски кој ја запиша Македонија во книгата на рекорди и го постави новиот државен рекорд во слегување во пропаст. Како дел од меѓународната експедиција, која се одвиваше на Канин планина, на границата помеѓу Словенија и Италија ја истражуваше пропаста „Скраљево брезло” и се спушти до длабочина од 1.200 метри. Тој шест дена помина во мрак, влага, ниски температури и екстремно тешки услови разоткривајќи го подземниот свет.

Фотографијата со државниот симбол за првпат на минус 1200 м, Неданоски  ја објави на Фб по повод 8-ми Септември.

За волја на вистината, по минатонеделната реакција на Зенит за искинатото знаме на јарболот за празникот, Службата за заеднички работи при Владата  го замени експресно.

На јарбол или под земја, знамето важно е да се истакунува.

Loading