ШАМПИОНОТ ВАРДАР Е ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Викендов е 3. рунда од машката ракометна Супер лига. Екипата на Прилеп, по пораазите од скопски Алкалоид (30:43) и од Охрид (33:26), има најтежок ривал во шампионот Вардар. Дуелот во салата ,,Ричко,,  е за добивање неопходно искуство на младиот прилепски тим. Вардар есенва одигра само еднаш, со Вардар во Неготино, кого го совлада со 38:25.

Женскиот тим Деспина, по поразот од 43:15 од шампионот Ѓорче Петров, викендов дома игра со Металург, в четврток гостува на Стружанка.

Loading