УСПЕХ В САБОТА Е ПОЛН СТАДИОН НА 2 ОКТОМВРИ

Прва лига

Ако во неделата на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, дојдоа околу 3000 гледачи, а Победа имаше само еден бод во шест меча, тогаш колку ли ќе дојдат по победата од 1:0 над Брегалница (стрелец Бојан Спиркоски) и по евентуален успех в сабота. Саботниот е многу значаен дуел во Скопје, со Работнички. Еден освоен бод од овој меч значи многу за прилепчаните, за одржување на атмосферата и масовно доаѓање на трибините. А три бода е полн стадион на наредното коло, со фаворитот и повеќекратен шампион Шкендија, меч кој е на 2 октомври. За саботната преместка со Работнички, Победа е засилена со 19-годишниот Ерик Амо од Гана.

Во средата за Куп, Карбинци – Победа 0:6.

Loading