ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (159) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Ученици кои го завршија 4-то одделение во учебната 1954/55 година

1.Атанасоски Јованов Петре Танески;

2.Атанасоска Неданова Нада Танеска;

3.Василсоки Трајанов Китан Василоски;

4.Ѓорѓијоска Димитријева Верка Јоноска;

5.Здравески Атанасов Симеон Чонески;

6.Митрески Јованчев Коста Мурџески;

7.Павлеска Јованчева Менка Јоноска;

8.Ристеска Танева Алтана Танеска;

9.Тошеска Божинова Ракида Јолеска;

Пред половината на месец јуни беше годишниот школски распуст кој ќе трае до 31 август 1955 година.

Децата ученици од машки пол повеќето годишниот распуст ќе го користат како летни воловарчиња. Некој чување на своите домови. Додека децата од женски пол повеќето ќе бидат ангажирани во тутунот нижачки на тутун. Метачки на трла и терачки на овците при молзење ако некој од нивното семејство оди летен овчар.

На вториот ден Духовден после ручек 1955 небото над Путурус и Мусинци се затемни страшно, се гледаше од средселото во Марул ураганот беше многу со ветер, дожд и град ја поништи сета житна есенска сеанија и сета пролетна култура направи голема штета. Таа природна сила го зафати с. Мусинци и селскиот верски објект џамијата од корен ја ја откорна, ја поништи.

Марулските Димитријовци се тргнале пред ураганот од гости од Путурус. Невремето ги фати во мусинското кај Сољја чешма. Воловите од болештината од градот ги сокршија дрвените жегли од јаремот си дојдоја дома во Марул. Гостите се засолнаа под запрежната кола за да се спасат од градот кој паѓаше, беше поголем од кокошкино јајце.

Од таа случка с. Путурус селската слава Дуовден ја замена во селска слава во Св. Митровден 1956г.

Демка Пупуто од Канатларци беше преварен и не се појави на Бајрам за буцањето со своите бикови во натпревар на канатларскиот чаир во 1955 година.

Канатларчанецот Демка Пупуто по националност Турчин голем си матизер за пеливанските надмудрувања поготово буцање на бикови.

Од таа симпатичност Демка стално имаше бикови за буцање на верскиот празник Бајрам за буцање на чајрот помеѓу Канатларци и Ерековци каде доваѓаа луѓе и од подалечните села. Демковите бикови беа бестрашни, хранети со млада пченка насадена специјално за биковите. Така да прилично во близината пред празникот Бајрам во летотот 1955г ги дотера Демка биковите на чешмата Сувачешма во марулското за да ги напоел биковите со студена изворска вода.

Без ничие прашање Демка Пупуто почна да ни се фали на нас марулските воловарчиња како на биковите му го одржува живото само за денот Бајрам. Ние слушаме, тој заносен во пеливанството на неговите бикови за на Бајрам и како неговите бикови во таа борбена арена ќе го земат првото место. Марулското воловарче Ристески Најденко Нацко Мурџески имаше едно двегодишно јунче шарено со бела и црвеникава боја мршава на кое повеќе му тежеше природната надара меѓу задните нози од неговата физичка целокупна тежина. Најденко познат како Нацко јунчето редовно го пасеше со останатите нивните ѕевгар волови. Нацко му рече на Демка, јас имам едно јунче е старо две години ајде да ги збуцаме за проба со твоите бикови за на Бајрам. Демка премира и црвенеј на лицето од смеа. Моите бикови не се плашат од канатларските, ќе се плашат од марулските бикови големи како кози. Каде да го видам вашиот бик пеливан кој ќе се бори со моите пеливани бикови.

Нацко му одговори, сега не е тука, утре ќе го дотерам, ќе го видиш. Јунчето од Нацко во тој момент беше тука, но го криеше од Демка. Демка се согаси за наредниот ден да му ја пробаат силата на биковите и со порачка до Нацко да си купи една вреќа сол за да го насоли во кацата неговото јунче, Демка сигурен беше во победата на неговите бикови.

Готово, договорено, утре во Сувачешма ќе си ги одмерат силите Рудоња и Јаблановци. За во наредниот ден се разнесе веста меѓу марулските воловарчиња за борбата со биковите. Се собраа повеќе марулски воловарчиња за да ја гледаат борбата на прочуените Демкови бикови со јунчето од Нацко Мурџески во Сувачешма во марулско.

Демко дошол пред нас и нé чека. Неговите бикови сиви ранети со млада стаблова пченка угоени на човек мерак му е само да ги гледа. Само што наближаме до ливадите јоноски курелоски Демка подмукло се насмеа и рече, јас чекам повеќе време овде, вас  ве фати страв да дојдите, а обетите. Јунчето од Нацко ги забележа демковите бикови во близината до чешмата други непознати волови и почна да копа со предните нозе, фрла земја преку со испружен јазикот и рикање без страв оди право кај демковите бикови. Нацковото јунче Шарко му се спуште под гуша на демковиот бик, го крена и го преврте во долот. Демка вика вур тут ама ништо не помага.

Демковиот бик излезе од долот и го исправи патотсо бегање за во канатларската корија. Другиот демков бик се судри со Шарко јунчето од Нацко, не издржа многу време ја напушти борбата и замина по стапките на својот другар. Демка остана засрамен и понижен, лут пипер и рече ќе продадам на касапот и това за мали пари, нејќам да ме страмат за мене. Демко си замина од Сувачешма по неговите бикови.

Останавме ние марулските воловарчиња д аја анализираме победата на јунчето бикот од Нацко.Сите присутни воловарчиња за борбата и за победата на јунчето од нацко беме горди и веели. Во разговорот со Нацко околу бестрашноста на неговото јунче тој ја кажа вистината за храброста на јунчето и рече дап ред неполн саат на јунчето му дал леб помешан со ракија. Нацко рече, за да го отфрли стравот јунчето го направив тоа.

Како и да беше, кај нашите марулски воловарчиња гордоста беше голема. Во таа 1955 година за демковиот верски празник Бајрам Демка не се појави на канатларско ерековскиот чајир да ги подри своите миленици биковите и да вика тут тут вур можи и качч качч.

Летниот период во 1955 година беше врнежливо во месецот две недели ќе биди сончево две недели ќе врни дожд. Додека ќе престани со врнење за да се поправи времето за полска работа пак ќе заврни дожд. Со жетвата работата одеше тешко, куповите со жито изртија. Се оврши со мака житото пламнато поцрнето со изгувен квалитет брашното поцрнето менато во бојата. Поимотлите домаќинства домашното жито го менуваа млиновите за поквалитетно брашно или пак од него го употребуваа зоб за стоката за во зимното време.

Порано спомнаме да при крајот на месецот август почина Атанасоски Стојчев Мице Танески на шеесет годишна возраст. Природно талентиран човек со природна писменост за писмо и за политика кој работеше поред селски одборник беше во позадината во НОВ.

Продолжува  

Loading