ГЛУТЕНОТ ПРЕДИЗВИКУВА БОЛЕСТИ

Можеби се чини дека безглутенската исхрана е чисто практикувано помодарство. Но изворот на многу болести е глутенот.

Повеќето луѓе кои имаат целијакија се откажуваат од намирниците кои содржат глутен, бидејќи организамот им е многу чувствителен и не може да ја дигестира оваа состојка. Луѓе не знаат дека глутенот може да предизвика дури 55 чести заболувања.

Гутенот е во пченицата и останатите жита, јачменот, ржот, овезот. Трагови има и во повеќето дневни намирници. Чувствителноста е автоимуна болест, која создава воспаление во целото тело. Влијае на органските системи, вклучително и мозокот, срцето, зглобовите, дигестивниот тракт…

Глутенот може да предизвика или да ги влоши болестите.

Остеопорозата е болест карактеристична по слабеењето на коските. Својствена е за повозрасните. Одговорна е за милиони фрактури годишно. Превенција за остеопорозата е исфрлање на млечните производи и глутенот од исхраната. Калциум да се земапреку темнолистестиот зеленчук и суплементи со витамин Д. Промените во исхраната можат да ја подобрат состојбата.

Синдромот на иритабилни црева е хронично гастроинтестинално заболување. Погодува помеѓу 7-20 отсто од населението. Се манифестира со непријатност во стомакот 2-3 пати месечно и со дијареа и опстипација истовремено. Постои поврзаност меѓу оваа болест и целијакија. Забележано е дека по исфрлањето на глутенот од исхраната, значително се подобрила состојбата.

Анемијата е состојба на крвта предизвикана од намален број на црвени крвни клетки или хемоглобин. Црвените крвни зрнца се многу важни го пренесуваат кислородот до органите. Дефицитот на хемоглобин доведува до неправилно функционирање на целиот организам. Причинители за анемија се недостиг на железо, фолати или витамин Б12. Недостигот на фолати и железо е важене симптоми на целијакија бидејќи овие нутриенти се апсорбираат во горниот дел од тенкото црево, каде обично настанува оштетувањето од целијакија. Откако ќе се премине на безглутенска храна, цревата закрепнуваат и ги апсорбираат неопходните нутриенти.

Тенкото црево е обложено со слој кој помага во апсорпцијата на нутриентите од храната. Оние кои страдаат од целијакија и внесуваат глутен и овозможуваат да биде нападната мембраната на цревото. Телото не ги добива потребните нутриенти. Тоа предизвикува бројни проблеми и до неисхранетост.

Афтите се повзуваат со глутенот. Малите болни меури во внатрешноста на устата се должат на консумација на глутен.

Ако се сомневате дека сте нетолерантни на глутен, не правете ништо на своја рака, туку посетете лекар и направете одредени тестови за точно да се одредите нивото на нетолеранција.

Loading