ВРЕМЕ Е ЗА ПРВИОТ ТРИУМФ, НАД БРЕГАЛНИЦА

Фудбал

Пет кола, само еден освоен бод, два дадени и 10 примени гола, ова е лошиот биланс на Победа во Првата лига. Колку што беше многу вреден бодот (1:1) со шампионот Шкупи, толку е разочарувачки поразот од Скопје (1:0), на последните два меча на гости. Сепак, само шест рунди се зад нас и прерано е за предавање. Отсега натаму секој неуспех е подлабоко пропаѓање. Затоа е важно побргу да се стигне до првиот триумф. Првата шанса е в недела (16 ч.), дома, со Брегалница.

Надежите дека ќе биде подобро е расположивиот играчки кадар. Оптимизам влева зголемениот број на првотимци. Тренерот Бобан Бабунски ако во првото ги имаше Рамани, Паноски, Хани и Коцев, подоцна Симуновиќ и Делов, во екипата сега се новодојдени Џејмс, Амос, Ѓурковиќ, Галевски и Тодоров. Во претходните мечеви одвреме-навреме имаше квалитет, желба, борбеност. Сега е време за резултат. Нема да е лесно со противникот кој е во силен залет. Брегалница има само еден пораз (од Струга), едно реми (Тиквеш) и три победи (Академија Пандев, Македонија ЃП, Шкупи). Вредна им е последната победа од 2:0 со Шкупи.

В среда се играат натпревари од Купот, каде Победа е гостин на третолигашот Карбинци, Штипско.

Loading