СВЕТ ДОМ КАКО ХОТЕЛ ВО РАЈСКА ГРАДИНА

Манастирот Воскресение Христово кај селото Могилец кај Самоков во Порече

– Ктиторот Мире Синадиноски го изградил, откако на Велигден преживеал срцев удар и му се јавило да изгради храм во родното место во Поречието

Во срцето на Порече по долината на Треска, се наоѓа селото Могилец. Ако за Порече, првите асоцијации се Пештерата Пешна, реките Треска и Белица, Девините кули, езерото Козјак, за многумина е рај планински, распослан кој мами со свежина и убавина е манастирот Воскресение Христово кај селото Могилец. Се верува дека имало 100-тина цркви и манастири.

Цивилизацијата не ги провнала урбаните “нокти” во зелените планински масиви што ги активираат сите сетила. Меѓу чистата богодарувана, природна убавина е и манастирот посветен на синот Божји на патот Македонски Брод – Самоков на 35 километри од Македонски Брод. Тој е од поново време, како симбол и непобедлив бастион на православието верата и духот.

Се подигале светилиштата кога човек е најслаб, беспомошен, болен. Од својот леб дигна духовен храм сограѓанинот со потекло од Порече, Мире Синадиноски. Со богоградбата се вплоти во вечните вредности со дар на црковно богаство кое сведочи за извојувана битка, за еден продолжен животен миг, оставајќи спомен за навек. Со храмот изградил божји скали и се качил до небесните духовни богатства и убавини, до племенитоста и мирот.

Како знак дека само волјата и вербата во Бога, особено во синот Божји го победуваат и најсилниот зол, суден час, сведочи манастирот. Тоа го потврдуваат и домаќините.

– Има 16 години откако е изградена црквата, а конаците се стари 15 години. Се вика Христово Воскресение, оти Мире, по инфарктот, ја направи црквата по сон. Се завети дека ако преживее, ќе направи црква. Го донесле со брза помош да каже каде да се гради на местото каде било бавча. Првин е направен параклисот Света Недела пред повеќе од 20 години по иницијатива на сопруга му Таца, која оттогаш се израдува со уште едно детенце – кажуваат домаќините.

Велат дека ги крепи богатата природа со мов, печурки, ореви… Домаќините се грижат за манастирскиот комплекс на 4 декари. За одржување се работи како пчелите. Се грижат за хигиената, за цветни аранжмани, ги одржуваат манастирските конаци. Неколкуте манастирскиот одаи во конакот се небаре хотелски. Со сите нишани, со ТВ, тоалети… на чардакотот со импрсивна глетка.

– Комплексот има и кујна, трпезарија за 150 гости. За Велигден два реда има еден внатре, другите се на терасата. Природата и амбиентот се волшебни, небаре бајка. Затоа го посетуваат многу луѓе со преспивање,  некои идат од мака да го најдот чарето – велат домаќините. 

Манастирот слави три сведени. На трет ден Велигден е славата, вторарата е е Водокрст на 18 јануари  и третиот ден е Спасовден. Се слави и Света Недела.

Домашините велат дека и зимската идила е небаре сказна. Снегот ги покрива планинските врвови, а придоата не спие, будна е и при студ и малку сонце. Нема многу народ зиме, ама портите се отворени за дофат на божата красотија.

Манастирот го симболизира “вториот живот” на ктиторот Мире Синадиноски.

Света Недела им помогнала и на Муслиманите

Пред црквата Воскресение Христово е параклисот посветен на Света Недела, а во кој тече лековита вода позната за илач за разни заболувања. Ја пиеле и се миеле и муслимани и православни. Има многу луѓе кои виделе себап од илачот. И жени пијаат и се мијаат да останат бремени. Се бара чаре за макиите чоечки, детски, , болести за сите возрасти.

Изградил црква, оти воскреснал како Исус

Ктиторот Мире Синадиноски, на Велигден преживеал тежок инфаркт. Се освестил по три дена и ветил дека на Синот божји ќе му подигне храм. Го исполнил ветување пред Бога и желба на запуштеното ридче да никне прекрасен манастир.

– Кога се освестив, како што Исус Христос воскреснал,  си ветив дека ако останам меѓу живите и ако бидам способен ќе подигнам манастир што ќе го посветам на Синот Божји, со чија помош и со големо залагање на докторите уште сум жив – вели Синадиноски.

Тој  верува дека со Божја помош се дотерува манастирот и црквата Христово Воскресение.

Loading