ИЛАЧ ЗА ЗГЛОБОВИ

Болката и вкочанетоста во зглобовите се симптоми на артритис. Билка која често се користи како зачин, а може да помогне е ловорот или лорберот. Таа  ги смирува болките на зглобовите и мускулите.

Нанесена како масло, преку кожата, го ублажува воспалението на зглобовите. Се препорачува лесна масажа со ловорово масло или топла облога од чај од ловор. Доволно е да се натопат пет-шест листови во врела вода и да киснат поклопени еден час. Се потопуваат облогите од газа во овој чај,  се цеди од вишокот на течноста и се обложува болното место.  Се фиксирасо кеса или стреч фолија и остава да делува половина час. Се повторува два-трипати дневно или секојпат кога болката ќе се интензивира.

Ловоровото масло помага и за главоболки, болки во мускулите, и за болни и проширени вени. Се прави со натопување на грст ловорови листови во маслиново масло, кои се оставаат на темно место, заштитено од високи температури. За подобра екстракција на активните состојки, може претходно маслото да се загрее во топла бања. Маслото не смее многу да се греее, особено не на високи температури, бидејќи ќе ги загуби лековитите својства и може да оксидира. Најдобро е да се чува на темно место или шишето да се обложи со алуминиумска фолија.

И исхраната може да влијае и на симптомите на артритис.

Потребни се 30 гр. ловоров лист и 250 мл. маслиново масло. Свежите листови се мелат или ситно се сечкаат. Се преливаат со маслиново масло. Смесата се чува  во стаклена тегла, затворете добро да стои на темно и ладно место две недели. Повремено се тресе. По 14 дена се цеди содржината низ ситна газа и се чува во друг чист и сув сад на ладно и темно место.          Пожелно е да се избегнуваат домати, модри патлиџани, компири и пиперки, бидејќи го зголемуваат воспалението на зглобовите. Да се избегнува рафиниран шеќер, сол и алкохол. Најдобра е медитеранската храна, базирана на интегрални житарици, риба, зеленчук, овошје и незаситени мани киселини.

Loading