ЈАК ИМУНИТЕТ

Болестите можат да ја сменат крвната слика, па дури и обична настинка или инфекција, покажува зголемени вредности на бели крвни зрнца, леукоцити. Иако некои отскокнувања на нормалните вредности на крвната слика се повремени, добро би било навреме да се регулираат со природни лекови.  Ниеден синтетички суплемент не може да се спореди со природните состојки. Со здрави намирници може значително да се подобри крвната слика и да се зголеми бројот на еритроцити во крвта.

За анемични лица, се препорачува исхрана со намирници богати со железо во комбинација со оние кои содржат витамин Ц и фолна киселина. Од зеленчук треба повеќе да се јаде грав, грашок, спанаќ и интегрални житарици. А од месото, црн дроб, риба-туна…

За сируп за подобрување на крвната слика се пптребни 1 кг. цвекло, 1 кг. моркови, 1 кг. јаболка, 4 лимони, 250 гр мед. Зеленчукот и овошјето се мијат со ладна вода, се лупат и се рендаат цвеклото, морковите и јаболката. Се додава сечкан лимон со кора. Се мешаат со медот да се соединат. Приготвената смеса се остава покриена со газа 24 часа. Следниот ден се цеди, истискувајќи го сокот преку газа да се извлече повеќе од состојките. Сокот се чува во шише во фрижидер. Остатокот, пулпата може да се свари како џем или да се изеде. Се пие по една ракиена чашка секое утро, во голтки, не одеднаш.

Цвеклото е многу важно, оти изобилува со минерали и витамини, вклучувајќи и Б12. Содржи многу железо, важно за анемичните луѓе и оние со слабо железо.

Морковот е меѓу најздравите зеленчуци поради антиоксидативното дејство. Корисен ефект има врз кожата и видот.

Јаболкото е најраспространето овошје во светот. Нема голема енергетска вредност. Погодно е за диета. Изобилува со минерали, витамини и други корисни состојки.

Лимонот е полн со витамин Ц. Го забрзува разложувањето на мастите, го зајакнува имунитетот.

Медот е високо хранлива, лесно дигестивна намирница. Содржи ензими за разложување.

Доволно е оваа количина на сируп да ја консумирате при настинка или за подобрување на крвната слика и за јакнење на имунитетот.

Loading