Нема волшебно стапче за елиминација на вишокот на килограми. Со физичка активност, повеќе движење и здрава исхрана, може брзо да падне телесната тежина. За забрзано губење на килограми помага напитокот од природни состојки од кујната. Најдобриот рецепт за минус во тежината и секојдневно намалување на салото на стомак и до 1 см. дневно, се прави со ѓумбир, рен… Напитокот го елиминира вишокот на задржана вода во организмот, подобрувајќи ги функциите на мозок, ушите и очите.
Потребни се 125 гр. рен, 4 лимони, 2 см. свеж ѓумбир, 3 лажици мед и 2 лажици цимет. Прво се чисти ренот и ѓумбиро. Се лупат и се ставаат во блендер. Се додава сокот од исцедените лимони. Потоа циметот и медот. Сето се меша и се чува во стаклена тегла во фрижидер.
Се конзумира по една лажица наутро на празен стомак и една пред спиење. Најдобри резултати се псотигнуваат за три седмици.
Ренот е корисен за дијабетичарите и за оние кои немаат енергија и постојано се уморни, но и за оние со успорен метаболизам. Ренот се е зачин за различни јадења, особено со месо. Листовите се богати со витамин Ц, каротен и хлорофил. Содржи значителна количества на калиум, фосфор, хлор, сулфур и витамин Б. Билката го чисти целиот организам и го забрзува метаболизмот. Ги штити внатрешните органи од малигни заболувања, како желудникот, црниот дроб, тенкото и дебелото црево. Содржи и други состојки препорачани во народната медицина како лек за кашлица, синуси, бронхитис, астма и ревматизам. Го јакне имунитетот и штити од настинки. Успешен е и како лек против затнување на крвни садови. Го подобрува и варењето на храната. Се препорачува за исфрлање на камења од бубрег. Како лек, се консумира како чај, сируп, вино, тинктура или кисело, ферментирано јадење. Кога се консумира ренот, треба да не се земаат преголеми количини, бидејќи може да предизвика дијареа и повраќање.
Ѓумбирот зазема посебно место во бројни кујни поради специфичноста на аромата и остриот, пикантен вкус кој го издвојува од другите зачини, но и поради своите лековити својства. Илјадници години е зачин и лек. И денес. Во составот има хранливи материи, но главно содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум. Свежиот ѓумбир го намалува лошиот холестерол. И ја намалува подуеноста на желудникот. Позитивно влијае врз обновувањето на цревната флора и има лаксативен ефект. Силните главоболки и мигрените можат да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир. Ако е во прав, ослободува од абдоминална болка. Ги ублажува симптомите од артритис, грип или настинкаа. Ѓумбирот го успорува растот на канцерогените тумори. Одличен додаток е за ублажување на ефектите од хемотерапија и за мачнина и повраќање. Позитивно влијае врз опуштање на уморните мускули после исцрпувачка физичка активност. Ја забрзува циркулацијата и спречува коагулација на крвта. Не треба да се претерува со преголеми количества.