СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ОКЈАР

Иницијатива (15)

Објавуваме написи за животот и делото на една многу интересна личност од историјата на Турција – Али Фети Окјар. Тој е роден во Прилеп и бил политичар, војник, дипломат и публицист.

Неговиот бурен живот предизвика неколку интелектуалци и бизнисмени од Прилеп да покренат иницијатива за одбележување на високите политички дострели на прилепчанецот на политичката сцена во Турција во почетокот на минатиот век кој во политичката кариера стигнал до позицијата премиер на младата турска демократска држава и прв соработник на основоположникот на современата демократска Турција, Кемал Ататурк.

За крај, го истражувањетѕо на историчарот Рубин Белчески.

Точно пред 79 години, во Истанбул, е погребан со високи воени и државни почести турскиот државник, Али Фети Окјар. Бил двапати премиер, министер за внатрешни работи, за правда, амбасадор во Бугарија, Франција во Велика Британија. И близок соработник на  таткото на модерна Турција – Мустафа Кемал Ататурк.

Малку е познато дека Окјар е роден прилепчанец кој станува голем турски државник. Малку се знае за Али Фетхи Окијар.  Роден е во Прилеп 1880 година. Детството ги минал во родниот град. Нема податок во кое маало. Нема подаоци ниту во архивот.

Сепак приказната се развива. По Мустафа Кемал Ататурк, Окјар бил втор човек во новата Турција. Минал повеќе воени и државнички функции. Петпати бил пратеник во турскиот парламент, министер за внатрешни работи, за правда и двапати премиер. Кога Ататурк бил претседател, Окјар бил претседател на турското народно собрание.

Окјар и Ататурк заедно учеле во битолската воена гимназија во меќу 1894 до 1897 година. Веројатно заедно го продолжуваат образованието во воената академија во Истанбул. Десетина години, двајцата извршуваат воени функции, бидејќи  уште се воделе војни на Балканот. Окјар во 1913 г. бил амбасадор во Бугарија, а Ататурк бил воено аташе во амбасадата.

Кога во 1923 година, Ататурк станува претседател на Турција, Окјар го заменува на претседателското место на народното собрание. Подоцна бил и амбасадор на Турција во Франција и во Велика Британија. Бидејќи Ататурк имал голема доверба, и за да го намали влијанието на опозицијата, Окјар, по сугестија на Ататурк, формирал партија и станува популарен. Подоцна партијата се укинува. Во периодот од 1939 до 1941 година е министер за правда на Турција. Потоа се повлекол поради здравствени причини. На 7 мај 1943 година починал во Истанбул и бил погребан со воени и државнички почести.

Правејќи паралели со функциите на Ататурк, биле големи соработници. Окјар го следел Ататурк во државничките функции. Се надополнувале во функциите.

Истражувањата доближиваат до академикот и писател Луан Старова. Старова во својата книга, Потрага по Елен Лајбовиц, бележејќи го животот на својот татко, вели, неговите таинствени цариградски години, потврдуваат дека Окјар е вујко, по, мајчина линија, на неговиот татко, родум од Прилеп. Станува близок соработник на идниот “татко” на современа Турција, Кемал Ататурк. Заедно бијат биткиа за изградба на Турција врз демократски принципи на дотогашната Отоманска Империја.

“…Татковото заминување во Цариград во пролетта на 1919 година, во согласност со корените на неговата мајка, мојата баба Азбие Ханума, кадиска ќерка на турска рода од Прилеп, прва братучеда на идниот премиер на Ататуркова Турција, Фети Беј Окјар, останува најтаинствениот период од неговиот живот”, посочува академик Старова во книгата Потрага по Елен Лајбовиц.

Старова додава. “…Татко ми раскажуваше за младоста, за студиите во Цариград, кога се разминувала отоманската Империја и новата Ататуркова Турција, во која неговиот вујко Фети беј Окјар, беше првиот премиер на Ататурковата Република Турција…”. Татковиот вујко Фети Беј Окјар имаше несомнен удел, како близок пријател на Ататурк. Бил двапати премиер во неговите влади, па претседател на Парламентот и претседател на Либералната партија која ја означила мултипартиската демократија во Турција. Бил амбасадор во Франција и во Велика Британија и верен соборец во сите пресудни битки во создавањето на новата турска држава врз урнатините на Отоманската Империја.

Старова, во истражувањето на корените наидува на фотографии во Париз каде Окјар бил амбасадор во француската престолнина. На една  фотографија, бил облечен во амбасадорска свечена облека. На друга, стоел со датум од 30 август 1930 година, сликан е Окјар со назнака  како министер на Турција.   

Старова споменува дека во 70-ите години од минатиот век, синот на Окијар, професор Осман сакал да го исполни аманетот на татка си, да се сретне со внукот и да го посети родниот татков град Прилеп.

Ова не е целата приказна за Окјар, славниот турски државник, близок соработник со децении на Ататурк. Уште треба да се откријата животните нитки, барем детските години во Прилеп, оти сознанието за корените ја отвора густо напишаната животна книга. Ова е најголемиот број животни патешествија. Уште треба раскажување.

За споменот на прилепчанецот Али Фети Окјар треба да се направи повеќе. Може градот да го истакне значењето, да ја продлабочи соработката со Турција, па и да изгради спомен соба како Кемал Ататурк во Битола. Зошто не?

Рубин Белчески – историчар

Loading