“СТАКЛО” ГИ ПРАВИ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Вдишѕвањето на миризливи билки кои ги прошируваат дишните патишта е незаменлив дел од третманот на секоја кашлица, а чајот од билки е првиот лек за настинка. Моќните состојки од ароматичните чуда на природата ги чистат и белите дробови.

Неколку лековити билки се најдобар избор за природна детоксикација на белите дробови. Дури без респираторни проблеми, детоксикацијата не одзема време, Зато се препорачува како превенција на здрави луѓ.

СЛАДОК КОРЕН

Сувиот корен на ова растение поволно делува на слузокожата на дишните патишта. Успешно се бори против бактериите и вирусите. Помага и за разредување на слузта и за полесно исфрлање. Слаткиот корен ги блокира слободните радикали и спречува воспалението на респираторниот тракт. Растението има пријатен, сладок вкус. Не е потребен мед или шеќер доколку изберете чај. За чај се потребни две лажици од коренот, прелиени со 500 мл. ладна вода. Се ставаат да врие две минути, па се трга од оган, се цеди и тура во термос. За два месеци се пие по 3-5 дози дневно. Одлично оди со лаванда и ѓумбир.

Мајчина душица

Оваа билка содржи со зачудувачки ароматичен мирис. Дава нежен вкус на многу јадења. Ефикасно ги чисти белите дробови. Етеричното масло е природен антибиотик и одличен сојузник во борбата со болестите на ресцпираторниот тракт. Природно ги обновува белите дробови. За подготовка на чај, се потребни 1-2 лажички сува мајчина душица, прелиена со 200 мл. врела вода. По 10 минути, чајот се цеди. За максимален ефект, се пие 2-4 чаши дневно, два месеца.

ЛОПЕН (бабјак)

Ова растение е природен мелем за белите дробови. Од цветот и листот се подготвуваат чаеви и билни екстракти кои благотворно делуваат на респираторниот тракт и го отстрануваат вишокот слуз. Ја ублажува иритацијата на слузокожата на белите дробови и штити од сув и правлив воздух и издувни гасови. Вкусот е благ. Се користи чајот на неколку начини. За смирување на иритирачка кашлица, една лажичка сушен лопен се прелива со 150 мл. врела вода. Се поклопува и се остав да стои половина час пред да се исцеди. За поттикнување на искашлувањето, се цеди чајот откако ќе стои 10 минути. Детоксикацискиот третман трае еден месец со по пет мали чаши дневно.

ПЛУЧНИЌЕ

Ова растение е поврзано со белите дробови, и со изгледот. Листовите се како крилја на белите дробови со алвеоли. Употребата на чај создава повеќе секрет во белите дробови и го активира природниот процес на чистење. Идеален избор е за детоксикација од катран, но и за третман на астма, бронхитис, пневмонија и други респираторни болести кои го отежнуваат дишењето. За чај, се потрбни две лажички со 150 мл. врела вода. Се чека неколку минути, а потоа се цеди. Се пие неколкупати дневно два месеци.

Loading