СВИЊАРНИКОТ ПРЕТВОРЕН ВО ХРИСТИЈАНСКО СВЕТИЛИШТЕ

Манастирот Свети Преображение кај Зрзе

Природна бигорна тераса полна со вода и прекрасна глетка на Пелагонија е локацијата на манастирот Свето Преображение кај селото Зрзе. На 1000 м.н.в. а во подножјето на планината Даутица, природното гнездо е избрано за христијанско светилиште уште пред 17 века, кога била изградена ранохристијанска базилика. Манастирот третпат е седиште на христијански владици. Од иконостасот на манастирската црква потекнува чудотворната икона Богородица Пелагонитиса, која веќе 50 години се чува во Музејот на Македонија во Скопје. Монашко братство  со владикате Климент се грижи за одржување на манастирот, кој бил запоставен и претворен во голема кочина за свињи.

Манастирот бил малку посетен, поради непристапниот пат. СЕга е привлечен и за верници и за туристи, бидејќи до него води асфалт. Некогаш само за празници доаѓале селаните. Понекогаш љубителите на планината го користеле за одмор, сенка и ја гаснеле жедта од студеното извориште. Љубопитни граѓани го одбираат манастирот за викенд одредиште. Импресивната глетка исплакнета со чиста вода и воздух, го восхитуваат човековиот дух. Видниот дострел, кога е ведро времето, минува 50 километри низ натурален пејсаж.

Силни чувства извираат од Богородица, која се грижи за својот народ во Пелагонија. Ова го сведочи зрзеската икона. Географскиот топоним на Пелагонија станал презиме на иконата на Мајката Божја. Верниците се молат пред нејзината икона и палат свеќи. Се негува почитта кон Мајката Божја. Надалеку е познат односот кон манастирот Света Богородица – Трескавец. Богородица Пелагонитиса го поттикнува чувството на преиспитување на односот кон ближниот. Таа го надминува древниот црковен канон на местоположбата на престолните икони, само да не врти грб на Сина Си како што самата открила.

Зрзескиот манастир стои на темелите на ранохристјанска базилика од 6 век. Имало христијански живот пред повеќе епохи. Базиликата била урната како резултат на мисијата на апостолот Павле во 6 век. На тоа сакрално место во 14 век  се кренала мала еднокорабна-сводеста црква од ктиторот на манастирот, монахот Герман, кој локацијата ја добил како подарок од Царот Душан. Го одбрал воено стратешкото место и заради темелите на базиликата. Тврдината ја преобразил во манастир и изградил црква посветена на Преображението на нашиот Спасител.

Се пренесува дека чудотворноста на иконата Богородица Пелагонитиса, која стои во Музејот во Скопје, трипати го менувала местото. Позицијата на Богородица е поинаква од црковното устројство. Во Зрзе, Богородица стои на Христовото место. Чудотворниот настан се случил 1422 година, кога зографот јеромонах Макариј, откако ја насликал и ја поставил на канонското место, посведочил за нејзиното чудесно менување на местоположбата. Кога молитвено прашал, зошто се случува ова, преданието вели дека се слушнал глас на Богородица од иконата која рекла дека не сака да му врати грб на својот Син. Од тогаш до денес, таа останала на тоа благословено место.

Друго предание вели дека кога заврнало снег, покривот не прокиснал, оти чудотворната икона ја спасила црквата. Бидејќи спасува луѓе, народот го вика манастирот и Свети Спас.

Копии на двете монументални икони стојат во Зрзе. МПЦ ги бара оригиналите.

Необично за манастирскиот комплекс е тоа што луѓето од околните села го доживуваат манастирот за збег во тешките времиња. Во вертикалниот засек на бигорната карпа постојат неколку испоснички ќелии во кои некогаш живееле зрзеските исихасти.

Археолошките истраги откриваат и културни слоеви од хеленистичкиот и римскиот период.

Манастирот ја делел судбината на народот. По Втората светска војна првпат станал женски, иако секогаш бил машки манастир. Таму живееле две руски монахињи со прекрасни духовни физиономии, познати меѓу народот како матушки, мајки. Се евоцираат светли и добри спомени, оти оставиле добра слика за монаштвото. Со големи жртви го сочувале она што останало. Пријателите ги погребале во средината на манастирскиот двор. По нив, манастирскиот комлекс бил оставен. Човекот кој се ,,грижел,, направил свињарска фарма. Младата монашка заедница го исчистила темелно со надеж во Бога и со голема поткрепа од народот, враќајќи му го стариот сјај на древното христијанско свето место. Се вратил мирисот на темјан и духовниот амбиент. Создадено е препознатливо место за духовен мир. Зрзе има и една духовна мисија, бидејќи тука е Гората на Преображението и луѓето откриваат одговори на многу лични прашања.

Понорница под свет дом

Заради близината со крапските водни понорници, едно преданието вели дека ако се пушти низ овие пештерски водотеци боја, обоената вода ќе стигне до кај водопадите кај Воден во Егејска Македонија.

Чобанска црква

Во 17 век во комплексот била доградена црквата Свети Петар и Павле, кај народот позната како ,,Чобанска црква,,. Таму е единствена фреска на портрет на овчар, претставен во македонска народна носија. Бранејќи ја црквата и нејзиното богатство од арнаутите, овчарот бил убиен во црквата. Затоа црквата го носи неговото име и во неа е зографисан неговиот образ.

Збирка од артефакти

Манастирската ризница чува монети од Филип 5 Македонски и Персеј, како и многу други експонати кои сведочат дека на бигорната карпа имало живот уште 3 век пред Христа. Постоела тврдина окружена со ѕидови налик на бедеми. Артилерискиот напад на зрзевската тврдина од турска војска во 18 век неповратно уништил голем дел од овој уште неистражен археолошки локалитет.

Loading