ПРЕПОРАКИ ЗА ВРЕМЕ НА ТОПЛОТНИОТ БРАН

Портокалова фаза

Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот.

Втор ден целата држава е зафатена од високи температури – портокалова фаза. Владата препорачува почитување на препораките кои се во времетраење од два дена односно за 18 и 19 август.

И минатиот месец, во соработка со Општинската организација на Црвен крст Прилеп и ЈЗУ Општа болница, во градов беше направена акција за превенција од топлотен бран.

Медицинските сестри со корисни совети  како да ги спречат штетните ефекти кои би настанале од топлотниот бран, поделија на граѓаните флаери и вода за освежување.

Loading