96 ЧАСА ЛУДА ЗАБАВА ЗА СЛАВА НА ПИВОТО

Од 14 до 17 јули Пиво фест

В четврток се отвора годинешното издание на манифестацијата Пиво фест. Покрај богатата понуда на пиво, замезено со скара, за забавата четири дена ќе се грижи водителот Игор Џамзазов. Тој в четврток ќе биде домаќин на Нино Величковски, Алек, Хасановиќ, Балканика, Елена Петреска, Љубојна, Бока Канга, Џамбо Агушев и ДНК. Пивската еуфорија ќе достигне кулминација  во следниот петок со Брас Брадрс, Дивље јагоде, Ареа, Гури харе и Нокаут. В сабота, на 16 јули, Прилеп ќе “гори” со Вера Јанковиќ, Владо Јаневски, Хари Мата Хари, Суперхикс, Лозано, Некс тајм и Ламбе Алабакоски. За круна на Пиво фесто се предвидени Галија, Меморија, Миле Кузманоски, Темпера, Елена Велеска, Четкар и Никола Зацевски.

На алтернативната сцена секоја вечер ќе се менуваат по неколку диск џокеи.

Организаторот го информира градоначалникот Борче Јовчески за подготвеноста да се пречекаат илјадниците гости кои ќе го “нападнат” градот да пијат пиво на улица. Организацијата за безбедност е окончана, како и другите придружни служби кои се грижат за паркинг простор, санитарните јазли и хигиената.

Loading