ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (146) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Родени во Марул во 1953 година:

1.Анѓелеска Живкова Живка Најдоска;

2.Атанасоски Неданов Војне Танески;

3.Ѓорѓијоска Стојанова Весела Николоска;

4.Здравески Атанасов Стојан Чонески;

5.Мојсоски Ванчов Славе Колески;

6.Ризоски Боризов Панде Ценоски Бошески;

7.Цветкоска Миланова Ѕана Димитријоска;

Умрени во Марул во 1953 година:

1.Мојсоски Стојанов Крсте Колески;

2.Ризоска Трајаница Ивана Бошеска Колеска;

3.Павелски Анѓелев Јован Павлески;

4.Павлеска Трајаница Цвета Јоноска;

5.Ристески Ѓорчев Ристе Јанкоски;

Наближува Божикните празници за 1954 година за деност Св. Никола зимен во 1953 година, после ручек почна да врни, паѓа снег и до вечерта наврна голем, дебел снег. На верниците и учениците не му пречеше дебелиот снег да си ги извршуваат своите работи.

Верниците за да запалат коледарски оган на средселотот ид а шетаат на денот Коледе со музика, да шетаат по куќив о селото. Исто така, учениците да одат на училиште и да следат училишна настава.

За вториот ден на Божик беше одредено од Свештеникот Смилевски Ванѓел добрушеецот да ќе има богослужба со литургија и причесна во марулската црква Рождество на Богородица.

Се беше гототво привремено, свештеникот Ванѓел добрушеецот вечерта на Божик дојде на конак за преноѓевање кај Јованоски Тодор Бубуз. Притрупот Јованоски Тодор Бубуз уште со рано ги отвори црквените простории, запали оган во тремот – трпезаријата и ја тропна камбаната која беше обесена на четири дабови диреци пред црквата.

Народот, верниците почнаа дад оваѓаат в црква. По наш марулски обичај секој се бори прв да дојди в црква на Божик за да нема мрза в лете кога ќе работи в поле по нивјето. Во истото ранско студено време дојде и свештеникот Ванѓел во црквата за да држи црквено пеание со причесна. Времето врнежливо со снег. Дебелината на снегот изнесува над половина метро. Свештеникот Ванѓел гледа на покривот од црквата, снегот секој миг нараснува. Покривот на црквата е од камени плочи уште од 1859 година со слаби чатми.

Свештеникот Ванѓел рече да снегот на покривот од црквата е голем во дебелина и во тежина е во опасност да попушти и затоа јас откажувам да се одржи литургија со пеане и причесна во овој момент од ризик на покривот на црквата, исто така не е дозволиво да се палат свеќи и други работи во црквава се додека не се олесни покривот на црквата, рече свештеникот Ванѓел Смилевски. Доволно е да се палат свеќи на гробовите и да се раздава овде во тремот, рече свештеникот Ванѓел Смилески. Неговиот предлог го прифатија сите присутни кај црквата и причесна не се одржа на вториот ден на Божик во 1954 во црквата Рождество на Богородица во с. Марул.

Овој свештенички предлог беше прифатен од селскиот одборник Јованоски Цветан Крушка и од црквениот одбор Атанасоски Дончо Танески, Велјаноски Благоја Велјаноски, Петрески Петре Бабјак, Ристески Крсте Танески. Црквата беше затворена до пролетта 1954г. кога се препокри со нови чатми со современи европејски ѓерамиди.

Имаше постари жени кои се враќаа со солзи на очите поради што не влегле во црквата да запалат свеќи за здравје, сепак се помируваа и велеа, Бог повела, како тој ќе намисли, така ќе биди. Црквените празнични денови за Божик на средселото и поред големиот снег врват весело со музика и песни. Со богати странски гости од мажените девојки Василоска Тодорка, Котеска Калина, Мурџеска Драгица и Танеска Петра. Свекорот на Мурџеска Драгица, Максим од с. Шелеверци кој го направи скандалот на нејзината свадба не плаќање сводниклакот на Јованоски Цветан Крушка без страм на сред селото на Божик ги обвини присутните марулци се вадеше да ракијата што ја давал свато Цветан Мурџески да била прејака и таа го предизвикала тој неред и гнев. Иначе, по карактер Максим навистина е таков како што се престави на свадбата, сите го знаат кој е и каков е Максим.

Си заминуваат божикните празници, доваѓа празникот Василица и православната нова година Суро. Василица денот се слави по тоа што бископот Василие во четвртиот век во новата христијанска епоха е првиот човек кој црквената молитва пеанија ја испеа служена гласно.

Суро именката е земена од старославјанскиот збор зелено кој се празнува со стариот јулијански цалендар четиринаесет дена после грегоријанскиот цалендар.

Василица или сура нова година стара е вессел ден со гости. Зетовите доваѓаат уште од вечерта во куќата на неговата жена, брачната другарка и се почестени со разни богати јадења и пиења. Селските василичари преку денот со весела музика шетаат од куќа во куќа, домаќините им подаруваат колбавчиња по парче на секој василичар. Малите деца предводени од постари василичари ако сакаат повеќе колбавчиња па затова ќе треба повеќепати да викаат кај домаќинот суро, суро, суроо….И да буричкаат со раженчињата во печката, собата или по наше во пампуро и да викаат цив пиле, цив пиле. Тоа било благослов за в пролет да се исквачат повеќе пилиња, а додека се вика суро за поубави житни зеленила за пасење на објагнетите овци во пролетните денови. Се завршува со шетањето на Василица. Василичарите си одат дома за да ручаат слатки мазници со колбаси, сланина и пифтии. Малите василичари ќе ги бројат собраните колбавчиња и ќе се фалат на другарчињата кој колку собрал колбавчиња од шетањето низ селото.

Учениците распуштени на полугодишен зимен одмор од четиринаесет денови. Во секое трло блејат мали јагниња весело, снегот е божја дар безгрижно за децата. Сите деца со своите дрвени санки иматаат кај дечките слизгалишта. Некој пак си прават во дворовите или во гумната мечки од снег пеплосано со пепел горојна од тушникот од фурната. За малите деца е посебно задоволство и радост.

Пред денот Водици, денот е посен, се вика Нејатка или теона, свештеникот крсти вода за Водици во секое домаќинство со наплатено парче сланина, свинско месо. За денот Водици поред домашните религиозни адети, домаќините отидоја в црква со домаќинките право на гробишта му запалија свеќин а упокоените и во тремот н атрпезаријата раздаваа за задушница за упокоените. В црква никој не влезе поради нареди свештеникот Ванѓел Смилевски поради покривот на црквата е преоптеретен со дебел снег за да не настани некоја непредвидна катастрофа.

Продолжува

Loading