ПЕЧЕНИОТ КРОМИД ЗАМЕНУВА ЛЕКОВИ

Печениот кромид е подобар од некои лекови, бидејќи нема нус ефекти. Да е лек, лекарите би го препишувале без ограничувања.  Затоа сопруга на матичен лекар ги пречекувала гостите со овој деликатес се огромни здравствени придобивки, поефектен дури од суровиот зеленчук и свежите плодови.

Кромидот, кога термички се обработува, станува полековит и полесно апсорбирлив за организмот. Многу е корисен за телото и во сурова форма, особено младиот кромид, меѓутоа, многумина го одбегнуваат поради лошиот здив и испарувањата на телото.

Многу луѓе мислат дека корисните својства се намалуваат со печењето. Не е точно, бидејќи само есенцијалните масла испаруваат. Испечен во рерната, само се интензивираат лековитите својства на кромидот. Печениот во однос на суровиот е многу повкусен и се одбегнува непријатниот здив. Корисен е за лица со висок шеќер во крвта. Содржи сулфур кој го активира панкреасот и ја подобрува неговата функција. Содржи и железо за транспорт на кислородот и исхрана на сите ткива во организмот. Активно се користи за третман на белодробни болести како бронхитис и пневмонија. Треба почесто да го консумираат сите кои имаат проблем со згрутчување на крвта. После срцев или мозочен удар лекарите препорачуваат јадење на печен кромид секојдневно. Помага во чистење на крвните садови и ги елиминира атеросклеротичните плаки. Помага во нормализирање на крвниот притисок, за главоболки од мигрена. Може да е  облога за гноен чир или рани и да го забрза заздравувањето. Облогите имаат антибактериски ефект, а помагаат и за лекување на хемороидите. Со редовна употреба,  се ослободуваме и превенираме многу болести.

Потребно е правилно приготвување. Кромидот убаво се мие со лушпата,  се отстранува само делот со коренот. Се сече на половина или се остава цел, малку се наросува со масло или путер и се зачинува по вкус. Се пече на 150-170 степени 15-30 минути. Се јаде половина кромид наутро на празен стомак и една половина 2-3 часа пред спиење. Приготвен може биде гарнир за риба или месо.

Loading