ВОДА ЗА КОНЦЕНТРАЦИЈА

Вода се пие, дури и кога не сме жедни. Жедта кај луѓето сигнализира дека нема доволно вода. Здрав организам мокри жолтеникава боја, а темната боја на урината е знак дека телото ја спасува водата и дека треба да се зголеми внесот на вода. Количината на вода зависи од температурата, физичката активност полот, возраста и здравјето. Мажите имаат помалку вода во телото, отколку жените. Добро е да внесуваат околу три литри дневно.

Околу 80 проценти од мозокот е вода. Ги пренесува нервните импулси. Губењето само на два проценти од водата ја намалува концентрацијата и бавно се размислува. Прекумерното внесување доведува до интоксикација со вода, што води до анксиозност, повраќање, конфузија и кома.

Доволната количина ја одржува виталноста на кожата, доп степен на хидратација и еластичност и го забавува стареењето. Крвните садови се еластични и се прилагодуваат, се прошируваат и се собираат. Намалувањето на течност во крвотокот доведува до пад на притисокот на капиларната мрежа. Да не се оштети ткивото поради недостаток на крв, кардиоваскуларниот систем го зголемува притисокот. Со помалку вода расте притисокот.

Водата ги јакне забите и коските, бидејќи таа носи одредени количини на флуор и калциум, одговорни за цврстината. Таа е составен дел на синовијалната течност, важна за мобилноста на зглобовите.

Водата е важна за срцето. Недоволното количество го намалува обемот на циркулирање. Вишокот на течност може да биде пречка за нормална функција на срцето.

Водата помага во варењето на храната. Таа е чистач на клетките од штетни материи. Земањето вода за време на оброкот треба да се сведе на минимум. Не се пие ладна вода, бидејќи се нарушува процесот на варење.

Бубрезите се главните елиминатори на токсините, претходно третирани од црниот дроб. Тие ја одржуваат рамнотежата на водата во телото и постојаниот состав на телесните течности. Ако внесот е намален, бубрезите штедат вода и урината станува темно кафеава. Ова доведува до дехидрација или појава на гадење, повраќање, мускулни грчеви и нарушувања во спроведувањето на нервните импулси.

Loading