ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (142) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

За време на вршењето во колективот во Марул имаше девет машини веалки за вравовите и тоа во Западно маало Прва бригада три машини веалки по една кај Павлевци, Петревци и Јоновци и едно кај Крстевци Таневци.

Во Средно маало Втора бригаде имаше две веалки машини по една кај Велјановци и Новачевци. Во Јужно маало имаше четири веалки. И тоа по една кај Јованоски Тодор Бубуз, Атанасоски Мице, Атанасоски Ристе, Атанасоски Трајан Танески. Ова лето 1953 година за време на вршењето беше времето тивко, без ветер, домаќинствата кои немаа машини веалки имаа големи проблеми со веење на вравовите со денови. Се донесе одлука сите веалки да бидат позајмени вравовите во гумната да бидат сработени извеани. Сите машиње веалки во маала ги дадоа во активна работа. Тодороската, Мицеската, Ристеската и Трајаноската веалка беа распоредени во Јужното маало трета бригаде. Велјаноската и Новаческата беа распоредени за веење во Средно маало Втора бригада Павлеските веалки и крстеската веалка беа распоредени за веење на вравовите во Западното маало Прв абригада. Со таасложност за вршидбата во марулските гумења заврши хумано, мирно како за колективот пред неколку месеци.

Во половината на месецот август се разнесе вест да во Марул ќе дојде учителка од градот прилеп. Отишол служителот Новачески Јован и посинок му Милан со запрежната воловска кола за да ја досели во Марул. Пред недела дена за да започми новата учебна година 1953 учителката по име и презиме Котеска Драгица дојде во Марул.

Ги повика родителите на новите деца ученици за да ги запиши за на 1 септември 1953 година за редовни ученици за прво одделение. Запишани се:

1.Велјаноски Димков Благоја Танески,

2.Јошескии Петрев Дончо Котески,

3.Ризоска Боризова Блага Бошеска Ценоска,

4.Ристеска Блажева Добрица Танеска,

5.Трајкоски Јованчев Богоја Павлески Јоноски.

Сите овие пет нови ученици се родени во 1946 година. На првиот ден од почетокот на новата почетна учебна година, на 1 септември 1953 година, учениците седнати во училишните клупи ја чекаат за д адојди новата учителка.

Не се чекаше многу време служителот Јован Новачески и учителката влегоа во училницата, сите ученици станаа простум од своите места во клупите. Тоа беше еден голем почит према служителот Јован познат од порано и новата дојдена учителка.

Учителката помина по редови измеѓу клупите и со рака се поздрави поединечно со секој ученик и си го претставуваше своето име и презиме да се вика Драгица Котеска, да е родена во Прилеп пред деветнаесет години, да има завршено средно училиште, учителска школа и како прво прва работ апо знанает ја остварува во Марул.

Со самото обраќање н аучителката Драгица према до учениците рече ќе настојуваме меѓусебно да имаме слога и поштовање. Со нашата слога ќе можиме чива мечка од планина да фатиме и донесиме.

Агилниот ученик од прво одделние Трајкоски Јованчевв Богоја Павлески рече, учителке не сакам мечка да фаќаме и носиме, ми е страв, имаме домашни животни, овци, говеда, коњи, магариња, волови и биволи. Мале и Чакре ќе ни удави. Ќе го викнам дедо Ванчо наш е ловџија за да ја отепа. Сите ученици гргнаа во голема смеа, исто така гргна во смеа и на Благоја му одговори. Дедо ти Ванчо е голем ловџија. Негфовиот загар Спасе се научи и н аКолевци Велевци му ги јади јајцата од кокошките од во камарите и после сис пие внатре.

Колевци направија повеЌе поп0лаки од загарот до Ванчо. Дедо ти Ванчо с еналути, го врза загарот Спасе за возиштето од запрежната воловска кола, нанишани и пукна во загарот. Живот мила, шибна загарот не погоден и ја свечка колата. Ванчо свика стој, мамата твоја сакаш колата да ми ја земиш, нанишани, тргна уште една палба, се скина сиџимот и загарот Спасе побегн ауплашен со квичење на чајрот. Колата без загарот се врате надолу и удри со возиштето во ѕидот во оградата Колеска и возиштето пукна, се раширија дупките за утрешот. Ете таков ловџија е додо ти ванчо. Кога не можи да отепа едно обично куче, како ќе отепа една огромна мечка, му рече Јован на Богоја.

Во деновите Ванчо дознал за јовановата критика. Јован ме критикува мене за да ја скрија неговата ловџиска слабост. Јован не е никаков ловџија, му дадов една прилика да отепа зајак во местото гробо. Тргна Јован го отепа. Јас го пофалив, браво Јоване, вечер ќе јадиш каша со зајак. За прв пат отепа зајак. Гледаме од таа страна од кај што беше Јован, зајкот нема око. Не ти признавам, ти отепа зајак таксирлија, инвалид. Од учениците се слушна громогласно кикотење и смеење. Јован на Ванчо му беше зет за братучеда. Стално беа заедно и критики си даваа еден на друг. Ванчо беше прочуен пелагониски ловџија.

Учителката Драгица Котеск анаправи со учениците едно објаснение што значи фаќање жива мечка од планина. Учителката рече, нас не ни треба жив амечка од планина, него секоја слога меѓу луѓето е сила која можи д асовлада се и сешто. Слогата носи победа.

Ова е вистински доказ за во НОБ за нашите војници партизаните има голема политика, слога и љубов и ја направија нашата  држава Народна Република Македонија. Ова е македонска народна поговорка рече учителката Драгица. Учениците ја разбраа народната поговорка, но со ловџилакот и потоа си правеа разонода ис меа подолго време и по објаснувањето од страна на учителката Котеска Драгица.

Нешто изоставивме од приватната полска работа, расфромирањето на колективот во Марул во 1953 година, па сега ќе го дополниме. Марулските земјоделци поред житарицата во 1953 година насадија повеќе стракови корење тутун. За полесно да ја потераат физичката работа при жнеењето во полето почна сеидбата со житото да ја косат со коса и поред српот со коса. На косата прицврстуваше метално грибло со три запци изработено кај прилепските ковачи. Едниот крај на гриблото е прицврстено во гужвата на косата кај рачката на косата и листот на косата. А додека вториот крај се прицврстува на рачката, дршката од косата. Едно лице коси косењето полозите гриблото го положува со помош на гриблото на левата страна. А додека второ лице оди по косачот и косеното жито прави во полози.

Со оваа нова техника за косење на житото во Марул жетвата заврши десет дена порано. Оваа технолошка работа во Марул беше прв пат спроведено во летото при жетварската работа во 1953 година.

Наближува верскиот празник Рождество на Богородица мала во Марул е селска слава. Воедно календарски пресметано започнува есенска доба, време мажење и женење на девојки и момчиња. Се шепоти меѓу луѓето, се преговарало д апавлески Ванчов МНирко 1934 да се жени за Колеска Секулова Нада 1933 од с. Бонче. Се вели, веќе си дале ја завршиле преговарачката работа се да се утврди кој ден ќе биди свадбата. Таа вест беше прва радосна. А народот велеше за Мирко ора, трактор ора, трактор ора каде Мирко жнее, комбајн жнее.                  

Loading