ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (242) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Спасе го направио дневникот за завршено четврто одделение во таа 1958 година:

1.Василоски Миланов Трајче;

2.Велјаноски Димков Благоја Танески;

3.Јованоски Димитријов Анѓеле;

4.Митрески Цветанов Гроздан Крушкоски;

5.Ристеска Ладева Лоза Јанкоска;

6.Стојаноска Ѓорѓијова Марија Котеска;

19.Павелски Мирко одстранет;  

20.Здравески Симон Чонески;

17.Ристески Петре Мурџески;    

18.Петрески Раде Бабјак;

16.Анѓелески Борис Павлески;

16.Петрески Петре Мурџески;

14.Атанасоски Алексо Танески;

15.Мојсоски Целе Колески;

11.Велјаноски Благоја;    

12.Јованоски Богоја;

13.Стојаноски Тоде;         

9.Цветаноски Милан Димитријоски

со Јованоски Лазар

7.Петрески Митре Бабјак;

8.Јошески Петре Котески;

5.Трајчески Спасе учитело;

6.Василоски Милан Борачо;

3.Петерски Ванчо со дете в раце

4.Петрески Ванчо Бабјак;

1.Јовчески Вангел селски одборник со новина; 2. Новачески Јован служитело. (на сликата се одоздола нагоре, од десно на лево)

Запишани нови ученици во прво одделение во учебната година 1958/59:

1.Анѓелески Живков Васил Стеваноски;

2.Атанасоски Јованов Димитрија Танески;

3.Василоски Алексов Ќиро Василоски;

4.Здравески Атанасов Бошко Чонески;

5.Јовчески Благојев Гулаб Велјаноски;

6.Јошеска Петерва Киска Котеска;

7.Митреска Јованчева Анѓелина Мурџеска;

8.Митреска Митева Олгица Мурџеска;

9.Новачески Живков Петре Димитријоски;

10.Петрески Димитријов Цане Бабјак;

11.Ризоски Боризов Ќиро Бошески;

12.Ристески Ристев Димче Дамјаноски;

Среде на работата на земјоделието Павлески Мирко повеќе години вработен како електричар во Дистрибуција во Прилеп. Додека неговата фамилија, жената му Нада со децата Пецо и Мара сеуште седат во Марул. Еден неделен ден Мирко се длуче за да си е повлечи фамилијата во Прилеп. Направи привремена делба и ја пресели наеднаш неговата фамилија со неговиот велосипед. Детето Мара е нарамува во ранецот, Пецо го става на кадрото од велосипедот, а додека жената Нада е става на багашот од велосипедот и н атаков начин Павелски Мирко е преселен во Прилеп.

Просветна реформа во НР Македонија

Со развивањето на индустриското производство и градење нови фабрики и хали треба и пообразован кадар со дотогашното основно образование од четири години н ебеше доволно необразуван работи да управува со технички работи. Некаде во летото во 1958 година преку македонското владино собрание се донесе нов закон за реформа на просветната институција гранка наречена просветна реформа во НР Македонија.

Образованието се покачи за еден степен погоре, се укина дотогашното школување основно образование од клас во одделение. Се преименува од четврти клас во основно осмогодишно одделение. Исто така ова образовани евлезе во законот задолжително образование без разлика на полови до пет километри растојание до најближното училиште кој нема да го поштува законот следува парична казна од 5 000 денари. Школовањето е на државен трошок. Школскиот прибор си го набавува самиот ученик.

После ова просветна реформа се отворија повеќе паралелкки во нашите краеви. Народот почна што повеќе да ги посетува училниците односно младиот кадаркој немат завршено осмо одделение. Исто така беа отворени и вечерни училишта за возрасни каде се земаше по две одделенија во една учебна година едно одделение до првото полугодишно време. И уште едно до завршувањето на учебната година до месец јуни. Со таквата просветна програма во нашето с. Марул го продолжија четири ученици:

1.Анѓелески ванчов Борис Павлески;

2.Василоски Миланов Трајче Василоски;

3.Јованоски Димитријов Анѓеле Курелоски;

4.Јованоски Ванѓелов Петре Курелоски;

Додека учениците Атанасоски Јованов Петре Танески, Иваноски Игнев Павле Павлески, Митрески Степанов Ристе Мурџески, Трајкоски Јованчев Богоја посетува училиште уште пред просветната реформа пред 1958 година.

Одење на Тошески Љубе во ЈНА

Некаде во половината н амесецот август позив му дојде на Тошески Божинов Љубе за да оди за отслужување на воениот рок во ЈНА, рок од две години како пешадинец. На 19 август на денот Преображдениемладината од нашето маало се собраме и отидовме нагоре групно низ марулскиот сињор и при крајот во штавичкиот сињор во Горна рамна.

Кога се враќаме назад за дома од местото Острило забележавме да кај Јолевци има пожар, му се запалила печалницата која беше покриена со ржаница. Благојојца Илинка направила слатки работи во чест на војникот Љубе. Од невнимание на сната Илинка се запалила сламата на подот со која е увалувала црепната за печење на примесените слатките работи. Ние лешникарите со трчање дојдоме но ништо не можеме да сториме, а и останатиот насобран народ за помош на таа жешка атмосфера. Пожарот беше локализиран, потиснат благодарение на марулските помошници кои налева вода на распламнатиот оган, времето беше многу жешко околу 14 сатот после ручек.

Јолеските комши Димитријовци не дозволија да се црпи вода од нивниот бунар против пожарот дојде до мала замерка.   

Продолжува    

Loading