500 ПЕНЗИОНЕРИ НА ПИКНИК КАЈ ПРИЛЕПЕЦ

Традиционално секоја пролет и наесен Здружението на пензионерите веќе четири година организира традиционален пикник пензионерите од сите разграноци. Поради ковид пандемијата две години пензионерите не се сретнале.

Околу 500 беа на излет во манастирот Св. Никола кај селото Прилепец. Запалија свеќи за здравје во црквата, а потоа развијаа оро во дворот на мајските сончеви зраци.

Претседателот Славко Трајкоски им посака долг и весел живот. Асоцијацијата на пензионерите ги понесе трошоците за превоз и ручекот со сендвич со лименка со пиво или сок.

-Првпат сум на толку масовна средба. Весело е. Убаво се сетиле да не соберат заеднички да се порадуваме, да разговараме, да размениме мислења по двегодишното ковид мирување – рече Бранко Терзиоски, претседател на разгранокот од селото Тополчани.

Расположениот Димитар Димзоски од Центар изрази задоволство за средбата и посака уште многу доживувања на пензионерите.

Есенската средба ќе се одржи на денот на пензионерите, 20 септември. Веќе е договорено таа да биде заедничка со битолските пензионери на големиот простор кај манастирот Св. Ѓорѓи кај селото Пашино Рувци.

                                                                                                                                          

Loading