РЕАЛНИ, ЗАКОНСКИ ИЛИ НЕНОРМАЛНИ ТРОШЕЊА?!

ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО ОУ “ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ” ГИ РАЗБРАНУВАА СОВЕТНИЦИТЕ

За речиси 10 евра по метар се чистеле олуците во ОУ “Добре Јованоски”? Или за услугата, лани биле платени 280 илјади денари, што би значело дека биле затнати над 500 метри од дождовната инсталација, а уште течат олуците во објектот на училиштето во Ценатрот за обука “Лазо Филиповски – Лавски”? Набавени биле масивни пет синтисајзери, а на  десетината рипстоли (спортски скали) во салата, уште два за по 18000 денари? Како и глина и фломастери кои биле прекубројни, па се исушиле?!

Ова се дел од јавните набавки кои екс директорката Сузана Дарковска ги реализрала лани во ОУ “Добре Јованоски”, а кои ги разбудија сомнежите кај советниците на последната седница на советот.

Искажаа негодување, заради високите износи во завршната сметка на основното училиште, детектирани и од Комисијата за финансирање и буџет.

Како што беше образложено, точно било дека на 26.10. 2021 г. е добиен тендер од контото одржување на згради кој требало да се користи цела година, а платени се 582 денари за метар за чистење на олуци. Парите за одржување за цела година од пет илјади евра  веднаш се потрошиле, додека во другата зграда, во Центарот за воена обука “Лазо Филиповски – Лавски”, уште течат олуците и учениците се лизгаат кога подмрзнува и нема пари за санација. А глобалната пресметка за монтажа и демонтажа на нови олуци во старото училиште е околу 65000 денари. Во однос на јавната набавка за нагледни средства и потрошни материјали, направена е во неколку наврати, тековно како за училиште, а потоа кога училиштето било опфатено од концепцијата на МОН, била извршена набавка за 4,9 милиони денари. Дел од средства се користени за смарт табли, прожектори, телевизори, но набавени се и премногу други работи. На пример, пет професионални синтисајзери по 650 евра, а на професорот по музичко образование му требал еден синтисајзер. И тој не го користел затоа што биле огромен, а не петте оти нема кабинетска настава и требало сите да се носат на втор и трет кат. Глина во фаза на исушување и фломастери…, имало без испратници, фрлени во училница во дневниот престој… Новото раководство ги броело за да има увид.

Според Иван Јованоски, советникот од Левица, набавките се можеби реални, има фактури, но дали сумите се реални, ненормално енормни суми се трошат односно парите од граѓаните.

Советниците со мнозинство гласови не ја усвоија завршната сметка, не само на ОУ “Добре Јованоски”, туку и на сите основни и средни училишта.

ТРАНСФЕРИ НА ЛИЧНАТА СМЕТКА?!

Преку сајтот Отворени финансии, откако ќе се внесе името на екс директорката на ОУ “Добре Јованоски”, Сузана Дарковска во периодот од ноември 2017 отако беше назначена до сега, видливи се трансакции од училиштето на личната сметка на директорката. Само во текот на 2021 година, префрлени близу 30 илјади денари, а во текот на претходните години речиси секој месец има трансакции, по 1000 ден. односно 2000 ден… Исплаќани се пари од контата за превоз, договорни услуги, дополнителни активности и други образовни услуги.

КАКВА Е ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА ЕКС ДИРЕКТОРКАТА?

Јавната достапност на податоците за имотната состојба на функционерите, а со тоа и на директорите е законска обврска по стапувањето на функцијата и по престанокот. На сајтот на Државната комисија за спречување на корупција фигурира анкетниот лист на екс директорката Сузана Дарковска.  

Loading