ВОНРЕДНИ КОЛА

Фудбал: Трета лига – Југ

Не само во недела, натпревари од Третата лига – Југ има и во среда, поради тоа што пролетва започна, а и во овој период мора да заврши првенството. Во неделата се одигра второто коло, кога вторпат победија екипите на Питу Гули и Слога. Крушевчаните со 4:0 го совладаа Динамо, лажанци со 1:0 беа подобри во Возарци. Во средата Слога го пречека Големо Коњари (0:0), Марена одигра со Питу Гули (2:1). Викендов е 4. коло, во кое се мечевите Питу Гули – Возарци и Напредок – Слога.

Лигата има 14 екипи.

Loading