ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ И НАУЧНИ СОБИРИ

Годинава во Институтот за старословенска култура

ЈНУ Институт за старословенска култура годинава, според директорот д-р Бранислав Ристески, ќе реализира повеќе научно истражувачки проекти и собири. Во рамките на тригодишниот проект “Средновековни населби во Пелагонија, Мариово и Порече” ќе се реализираат обемни теренски и кабинетски проучувања на материјалните остатоци од урбаните, руралните и монашките населби, хронолошки детерминирани во времето од 6-7 до 17 век. Ќе продолжи проектот “Акредитација и формално признавање на лабороаторијата за археометрија, под раководство на д-р Христијан Талевски.

Ќе продолжат долгогодишните истражувања на значајниот доцноантички пункт на локалитетот Дрма – Бадар кај селото Бадар под раководство на д-р Бошко Ангеловски.

Институтот ќе организира научни собири како конференцијата “Сеопфатна заштита на материјалното културно наследство засновано врз мултидисциплинарни научни сознанија”, работилницата  “Мултидисциплинарните научни истражувања илустрирани врз примерот на културниот комплекс Трескавец”, конференцијата “Научноистражувачка методологија користена при проучувањето на материјалното културно наследство”, финансирана од Министерството за образование и наука.

Научните работници ќе учествуваат на 24. Византалошки конгрес во Падова и Венеција и на меѓународниот научен собир “Ниш и Византија” во Ниш.

Паралелно се финализираат подготвките за публикување на два тома на  списанието Балканославика 49 и 50, како и на монографските дела -”Манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир – Мариово – археолошки истражувања” од д-р Бранирслав Ристески и д-р Бошко Ангеловски,  “Римските погребувања со кремација од локалитетот Гробана кај Виница” од д-р Ели Луческа, “Култот кон светите рамноапостоли Кирил и Методиј во Полска. Историја и традиција. на д-р Владимир Караџоски,  “Фолклорни и етнографски теренски материјали од д-р Бранислав Атанасоски, “Доцноантичкиот кастел Градиште кај селото Дебреште – од предисторијата до крајот на антиката” од д-р Христијан Талевски, едицијата “Урбанизмот во римските градови во Македонија”, “Промените во архитектонското и инфраструктурното уредување во Хераклеа Линкестис, Баргала и локалитетот на Големо Градиште кај селото Коњух, “Промените во архитектонското и инфраструктурното уредување во Лихнидус и Скупи” и “Промените во архитектонското и инфраструктурното уредување во Стоби”.

Loading