КАКВО ЦВЕЌЕ ДА ПОДАРИТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

Покрај вообичаениот говор на цвеќето, треба да ги познавате и основните карактеристики на хороскопските знаци.

Овен: Очекуваат ритуал при дарувањето, а сакаат да почувствуваат страст, предизвик и љубовна искра. Вистински избор се црвени каранфили.

Бик: Владее планетата Венера, која на сите припадници им подарува убавина и привлечност. О;екуваат рози комбинирани со зелени листови.

Близнаци: Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули и лилјани, тие ќе бидат и повеќе од задоволни.

Рак: Како и сите водени знаци, тој е голем сонувач. Најсреќни се ако добиваат по еден цвет секој ден од вашата градина.

Лав: Елегантни, силни, отворени и оптимисти. Цветниот симбол на Лавот е сончогледот. Вистински избор е букет од портокалови цветови.

Девица: Сакаат бел крин. Нема да погрешите и со букет орхидеи или јасмин, а од хортензијата ќе и блеснат очите.

Вага: Нивно цвеќе се бледо розовите ружи, хризантеми, ириси и бледи гербери. Овој знак ќе го израдувате со букет бамбуси или лалиња

Скорпија: Не се многу нежни, но затоа се многу еротични. Добар избор се и цветните кактуси или рози во комбинација со гранки од папрат.

Стрелец: Кога им подарувате цвеќе, добар избор е темјанушката во сино -жолта боја. Реагираат и на опојниот мирис од цвеќињата особено ако се шарена.

Јарец: Јарецот е многу рационален и повеќе ќе биде задоволен од еден цвет отколку од раскошен букет. Зумбулите нема да го остави рамнодушен.

Водолија: Цветниот симбол на Водолијата е мимозата, симбол на еманципациа и слобода. Определете се крин, зимски ружи или полско цвеќе.

Риби: Големи љубители се на цвеќиња и ги одгледуваат. Ќе се израдуваат на букети од различни видови на папрат. Омилен цвет им е јасминот.

Loading