БРАТСТВО ГО ЗЕДЕ КАПИТЕНОТ НА МЛАДИНСКАТА ПОБЕДА

Фудбал

Есенското претпоследно место на табелата и само седумте освоени бода ни малку не го деморализираа фудбалскиот второлигаш Братство од Житоше. Напротив, зимава клубот е полн со оптимизам. Во таква атмосфера се одвиваат тренинзите и подготовките водени од тренерот Ромер Муриќ. И управата е но нозе за засилувања со нов играчки кадар. Долг е списокот на новодојдени. Прво се објавени имињата на Антонио Димески (Прилеп), Дрилон Зендели (Велазерими), Урим Бајрами (Гостивар), Ирфан Максуди (Коњаре), Метин Керим (Воска), Давид Царулески (Росоман), Самир Мемеди, Зоран Котески (Питу Гули). Најнов е Беким Алимоски, офанзивен играч, кој наскоро ќе наполни 19 години. Тој беше досегашен капитен на младинската екипа на Победа. Екипата есеноска покажа високо ниво, борејќи се рамноправно со Вардар, Академија Пандев, Шкендија и останатите најдобри екипи во државата. Оттука е сосема оправдан потегот на клубот за подигнување на квалитетот.

– Не очекува тешка пролет, голема борба за опстанок. Со симпатизерите, ќе успееме. Ветуваме добри игри – порачуваат од клубот.

По одиграните пријателски мечеви со охридска Воска, прилепска Победа (младинци), дебарско Кораби и Велешта има време уште за еден, до првиот првенствен на 19 февруари со Победа на Могила.

Loading