СОНОТ СТАНУВА ЈАВЕ СО ФИНАНСИСКОТО ДРУШТВО ДЕНАР – КРЕДИТИ

-Пари не само за подобар живот

Веќе две ипол години блеска на кредитното небо и привлекува со атрактивната понуда финансиското друштво Денар – кредити. Долгогодишното искуство, знаење и стекнатата репутација на доверлив партнер во менувачкото работење е збогатена со пласмани на кредити по поволни услови и брз начин на добивање и со услугите на брз трансфер на пари на интернационалната и најевтина компанија, брендот Монеѕграм.

Понудата за кредитирање е толку привлечна што не само оние кои сакаат брзо да ги надминат финансиските потешкотии, не можат да одолеат и граѓаните кои своите подолгорочни зафати ги одлагале, а со Денар –  кредити носат брза одлука за позајмување и сонот им станува јаве. Со поддршка на финансиското друштво легално, без страв, ја реализираат финансиската конструкција и доаѓаат брзо до средства за куќа, кола, стан или за некаков посериозен инвестициски зафат за реконструкција дома, за мебел, за обнова на старата бела техника, за лекување, за образование на децата или други потреби. На “дланка”, за миг, се кредити во законска процедура без никаков ризик и со мали камати. Финансиското друштво е еластично и далеку поефикасно од сложената постапка во гломазните банки.

– Без туѓи средства, туку исклучиво со сопствени, автономно кредитираме граѓани. Обезбедувањето на гаранции за враќањето на кредитот е едноставно преку административна забрана или со жиранти. Процедурата не минува ниту еден час и се стигнува до готовина, до кеш за патување, за  купување на трајни добра, за школување или за градење на деловен или станбен објект. И бизнис секторот, со Денар – кредити, лесно може да премости времени деловни потешкотии – вели управителот на друштвото Ирена Ангелеска.

Главно се одобруваат кредити на пократки рокови. Не се недостапни и долгорочните кредити со залог од накит, злато, благородни камења механизација, возила и хипотека на недвижен имот. Накусо, им стојат на располагање и им излегуваат во пресрет на граѓаните 24 часа, седум дена во неделата, само да ги задоволат нивните барања.

Потврда е сé поголемиот интерес за кредитната понуда по погодни услови.

Поради успешните и квалитетни кредитни аранжмани се пренесуваат преку арен глас на пријатели, роднини и познаници. Се препознаваат како  како кредибилна и респектабилна фирма, која ниже постојан раст на задоволни клиенти. Реномето се верификува и се валоризира и преку дозволата и лиценцата на Народната банка за понуда на финансиски услуги, односно кредити.

Денар кредити Булевар “Гоце Делчев” 13А Прилеп тел. 071 614 128 075 312 511

Loading