ПАРАКЛИС „СВЕТИ ТРИФУН” КАЈ СКЛЕШТЕН МОСТ

Параклисот „Свети Трифун” се наоѓа на местото викано „Склештен мост”, на патот кој води во месноста „Маркова чешма”. Параклисот е изграден од благочестивите христијани, кои имаат лозја во околината и кои се собираат на денот кога Црквата го слави денот на маченикот, кога се прережува славски колач, се осветува вода и се закројуваат лозјата.

Loading