ГОЛЕМО КОЊАРИ САКА ДО БАРАЖ ЗА ВТОРА ЛИГА

Фудбал

Пријатни вести од Големо Коњари. Овој третолигаш има амбиции да се врати на старите патеки со име Братство. Тоа подразбира борба за влез во Втората лига. За оваа цел се преземени активности. Управата, предводена од претседателот Тони Даноски и спортскиот директор Горан Касниоски, ги дотерува игралиштето, оградите, теренот, соблекувалните во Големо Коњари… Тренерот Тони Наумовски со, претежно, младиот играчкиот кадар, одржува тренинзи и дури 13 пријателски мечеви во долгиот празен период во кој нема првенство. Екипата која ќе има и засилување. Извесно е дека ќе биде добро подготвена за првенството од Третата лига – Југ кое пролетва треба да се одигра по скратен систем. Првакот во ова натпреварување ќе има бараж дуел за влез во Втора лига.

Најавено е дека форматот на Третата лига ќе бил дефиниран на 13 февруари, а почетокот на првенството да биде една недела подоцна.

Loading