ПРИЗНАНИЕ ЗА КРСТЕВСКИ ВО МАРОКО

На последниот меѓународен фестивал на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура во Мароко, на тема “Колку коронавирусот го промени светот и што?”, признание доби уметникот Златко Крстевски. Прилепскиот уметник со свое дело учествуваше и на меѓународната изложба на уметнички минијатури во Авиља, Шпанија. Делото насловено “Воздух” се најде во конкуренција на 500 минијатури на автори од 42 земји.

Loading