ПРОГРАМА ЗА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА

Завод и Музеј

Заводот и Музеј, како сите други културни институции, очекува потврда на годишната програма од Министерството за култура. Се негува надеж дека ќе се прифатат и ќе се следат сите понудени проекти за заштитата, конзервацијата и музејската дејност.

Директорот Блаже Атанасоски очекува да биде прифатена најголем дел од програмата од областа на археологијата, конзервацијата, заштитата…           

– Ќе се погрижиме за заштита на културното, историското и арехолошкото богатство на регионот. Реализацијата зависи од државната поддршка. Приоритет е манастирот Трескавец, конзервацијата на живописот во црквата Св. Никола во Мариово, заштитата на куќи, прогласени за споменици на културата, реализација на проектот за обнова на црквата Св. Атанасиј… вели Атанасоски.

Ланкста година се оценува за успешна, бидејќи реализирале 95 насто од програмата.

-Од музејската дејност реализиравме 11 проекти, од заштитата 11, од библиотечната дејност на 3… Се отвори Етнолошката поставка, саниран е ентериерот на Участакот, реконструирана е куќата на Кузман Јосифоски – Питу, истражувавме на Стибера и Колобаиса. Заштитата на иконостасот во црквата Св. Благовештение е подолгорочна и ќе продолжи годинава – вели Атанасоски.

Loading