МЕ ФАСЦИНИРА УЛИЧНАТА ФОТОГРАФИЈА

Мери Бошкоска, фотограф

Мери Бошкоска, иако по професија е професор, последните години се занимава со уметничка фотографија, преку која претежно ја доловува реалноста. Учестувала на фотографски натпревари и изложби. Како член на Фото кино клубот Прилеп, била добитник на награди и признанија.

Што Ве поттикна на дружба со фотоапаратот?

Во 2018 година се зачленив во Фото Кино Клубот Прилеп, а од 2019 година сум и проектен менаџер и член на претседателството. На обуките и работилниците сфатив дека постои разлика меѓу фотографијата направена спонтано и брзо, најчесто без уметничка или новинарска намера и уметничката фотографија. Работилниците ја побудија љубопитноста и желбата да научам повеќе за дигиталната фотографија и софтверите за уредување на фотографии.  Кога фотографирам станувам посвесна за прекрасните мали нешта што не опкружуваат секој ден. Забележувам светлина, сенки, сцени, обрасци и бои на кои не обранував внимание, а кои сега се составен дел од моите фотографии.

Зошто го одбравте фотографирањето како хоби, а сте универзитетски професор?

Ја избрав уметничката фотографија за хоби затоа што е возбудлива и креативна во исто време. Отсекогаш сум сакала да фотографирам, но ми требаше повеќе време да го изберам фотографирањето како хоби, бидејќи верував дека не сум доволно креативна личност. Фотографијата ми помогна да ја откријам и развијам уметничката страна во мене за која не знаев дека постои. Настојувам да си поставам нови предизвици, било да е тоа совладуање на нови техники, работа на нови стилови, учество на домашни и меѓународни натпревари, проекти…

Што Ве инспирира да овековечувате?

Особено ме интересира архитектонската и уличната фотографија. Фасцинирана сум од уличната фотографија бидејќи, според мене, тоа е најпредизвикувачкиот стил во уметничката фотографија. Потребно е трпение, дури и малку храброст да пристапите и фотографирате. Секоја фотографија ја гледам како предизвик. Тоа е како еден вид загатка што треба да ја решам. Настојувам да го искористам знаењето и вештините за да овековечам еден момент на што помоќен начин за да го задржам вниманието на гледачот подолго време.

Обелоденувате фотографии од разурнати објекти. Што Ве инспирира за оваа серија на фотографии?

Ја обожавам старата архитектура, онаа што е во распаѓање затоа што ме потсетува дека ништо не е вечно. Напуштени објекти има насекаде. Сите носат интригантни приказни, историски појави и прашања кои чекаат одговор. Верувам дека овие објекти имаат душа и кога ги фотографирам се обидувам да доловам парче од таа душа. Чувството за авантура и мистерија што ја создаваат напуштените објекти ме инспирира да го почнам мојот реокт насловен “Тхе Мѕстерѕ оф Абандонед Плацес”.

Добивте ново фотографско признание. Какво е чувството?

Моето активно учество на домашни и меѓународни натпревари за уметничка фотографија резултира во над 150 примени фотографии и над 20 освоени награди. Последното признание, Хонорабле ментион за фотографијата “Лонелинесс”го добив од престижниот меѓународен натпревар ?????????? ??????????? ?????? ????. што се одржува осум години, а фотографијата “Лонелинесс”се најде на листата на наградени фотографии меѓу 6646 фотографии од учесници од 89 земји во светот.  Наградата, како и претходните се признание за квалитетот на мојата досегашна работа, но и дополнителна мотивација уште повеќе да се посветам на уметничката фотографија.

Loading