ВО ИНСТИТУТОТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА
Институт за старословенска култура лани реализира обемна научно истражувачка програма. Според директорот д-р Бранислав Ристески по еднодецениска пауза во финансирањето на научно истражувачките проекти лани почнал реализацијата на тригодишниот научноистражувачкиот проект: “Средновековни населби во Пелагонија, Мариово и Порече”. Се истражуваат урбаните, руралните и монашките населби, манастири во времето од од 6-7 до 17 век во рамките на трите јазолни региони во централните делови од Балканскиот Полуостров.
Се подготви научноистражувачкиот проект “Акредитација и формално признавање на лабораторијата за археометрија во ЈНУ ИСК – Прилеп”, под со раководство на д-р Христијан Талевски. Институтот истражуваше на локалитетот Дрма – Бадер, подготви тридимензионално моделирање (ИБМ) и археолошки истражувања на локалитетот Кукул – Баба, археолошко рекогносцирање на Баба – Запад (2021). Во соработка со Заводот и музејот ги конзервираше и реконструираше откриените содржини од античката населба Колобаиса,Трескавец.
Лани се публикува научното списание Балканославика бр. 47/1, во кое се поместени 26 научни прилози заснивани на сознанијата од истражувањето на просторната целина Маркови Кули. Прилози имаат поголемиот дел од научните работници. Беа публикувани и монографските изданија Етнографски и фолклорни и теренски материјали, Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Македонија: Идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа и Римско оружје и наоди од 1 до 6 век.
Научни работници учествуваа на собири, семинари и предавања со најнови научно истражувачки сознанија.