“ИНК 2021 – ЦРТЕЖ И ВИНО”

Изложба

Во организација на Друштвото на ликовните уметници (ДЛУП) отворена е изложбата на дела “ИНК 2021 – цртеж и вино” во студиото за уметност Артика. Изложбата ја помогнаа уметниците Елена Димоска и Бојана Артиновска Трпческа. Станува збор за виртуелна поставка на социјалните медиуми која прерасна во изложба надополнета со друга вонвремеска уметност – виното. Учествуваат дваесетина членови со автентични творби.

-Творечкиот процес на сите облици на ликовно изразување почнува со цртежот. Најинтимните креативни мисли и пориви, уметникот ги изразува со цртачки, линии, знаци и дамка. Со нив се изрази текстура, ритам или движење. Со тонските елементи на цртежот – моделација, сенчањето со штрафура или лавирање, материјата оживува. Уметникот го избира ликовниот материјал по сопствен сензибилитет. Со употребата на јаглен, молив, креда или туш во комбинација со цртачки и тонски елементи се постигнува автентични визуелни импресии… каде се вклучи и локалната самоуправа.

Дополнителна инспирација за цртежите претставуваат светските трендови насочени кон развојот на илустрацијата.

Loading