Чепкањето по минатото ја дразни сегашноста.
x
Кој стои на стаклени нозе може да очекува наскоро да ползи.
x
Левите внимаваат на левиот образ, десните на десниот, а се безобразни. И едните и другите забораваат дека човек има еден образ.
x
Слободата на медиумите не смее да се користи против слободата на граѓаните.
x
Како може да се очекува независна работа од функционери поставени партиски?
x
Колку власта е повисока толку може да биде и пострашна.
x
Со закани закон не се спроведува.
“Д-р Хаџи-Васков”