ИЗЛОЖБА ОД МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

Изложба на дела од Малиот битолски Монмартр ќе биде поставена во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” од денеска па во наредните две недели. Манифестацијата постои 40 години, а изложбата е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој го посвети целиот свој живот на манифестацијата.

Делата се создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија. Монмартр низ годините блескаше со пораката за мир, љубов, уметност… испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби стигнуваа во Битола.

Loading