НАСЕКАДЕ СО СОДА БИКАРБОНА

soda

Сода бикарбоната е универзален и на сите достапен производ. Помага во домаќинството, личната хигиена и против несакани штетници. Најчеста примена.

Воздушеста кајгана – на три јајца се додава 1/4 лажичка сода бикарбона.

Побрзо сварен грав со меко зрно – во првата вода во која ќе го закиснете гравот додадете прстофат сода бикарбона.

Непријатен мирис на раце од риба или лук – рацете навлажнете ги и истријте ги со лажица сода бикарбона, па исплакнете со топла вода.

Песок како пластелин за детска игра – сварете 2 филџани сода бикарбона, 1 филџан пченкарен сируп и 1 поголема чаша вода. Гответе додека да добиете густа смеса, а потоа тргнете на страна за да излади.

Отстранување на непријатни мириси од машина за садови – истурете 1 филџан сода бикарбона и вклучете програм за испирање.

Загорени тенџериња – наполнете го тенџерето со вода до 1/4, додадете половина филџан сода бикарбона и ставете да проврие. Оставете така преку цела ноќ, а следниот ден исплакнете.

Повкусен домат – ако одгледувате домати во градина, наросете на почвата малку сода бикарбона и ќе го добиете најслаткиот и највкусниот домат.

Изгореници од сонце – во када со вода растворете 1 филџан сода бикарбона и потопете се. Болките ќе минат.

Ранички во усна шуплина – на неколку часови плакнете ја устата со раствор од 1 филџан топла вода и 1 лажичка сода бикарбона.

Чистење на микробранова печка – ставете филџан вода со неколку лажички сода бикарбона и вклучете на три минути на највисока температура. Со еден потег ќе се ибришат сите дамки и ќе исчезнат мирисите.

Мрсни дамки на тапети – натопете го сунгерот со млака вода и сода бикарбона, па пребришете ги тапетите.

Киселини во стомак после јадење – ставете прстофат сода бикарбона во напиток и испијте го.

Убоди од комарци – направете паста од сода бикарбона и неколку капки вода, па нанесете на убодот и оставете да се исуши.

Несакани мравки – на било кое место каде не сакате да поминуваат мравки, наросете обилно сода бикарбона.

Непријатен мирис од стапала – во леген со топла вода растворете филџан сода бикарбона и киснете ги стапалата 20 минути.

Loading