РОДНАТА КУЌА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ СПОМЕН ДОМ

kucata na KOneski vo Nebregovo

Родната куќа на академикот Блаже Конески во селото Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата од македонската рурална архитектура. Куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена со елементи според автентичниот изглед. Денес дел од собите се музејски простории и места за културни средби.

Куќата на Конески е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и сведоштво кое ја потврдува мисијата на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, како препознаена и заштитена убавина од нашето минато која му припаѓа и на светот. Прогласувањето доаѓа во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на Конески. Таа е неизоставен дел од програмските активности за значајните настани за 2021 на УНЕСКО.

Loading