,,МЕНДО И МАЈЛО,, НА ТЕАТАРСКАТА РАБОТИЛНИЦА

167358424 877731056416814 3273768315835083654 n

Театарската работилница Прилеп ја подготвува дуодрамата ,,Мендо и Мајло,, по текст од Мирјанка Ристеска Селчанец, во режија на Игор Трпчески. Премиерата се очекува во првата половина на мај.

Ќе играат актерите, пензионерот, Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата, првенци на театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Сценографијата и костимите се на Бојана Артиновска Трпческа, а музички и технички соработници се Томе Темелкоски и Саша Нацески.

Седмиот независен и алтернативен продукт на Театарската работилница ќе се реализира во копродукција со ЦК ,, Марко Цепенков,,.

Loading