ТВОРЕШТВОТО НА МИЛКО НЕСТОРОСКИ

Изложба

Delata od Nestoroski pred  prilepcani

Изложба на дела од стружанецот Милко Нестороски ќе биде отворена денеска во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Преку делата, уметникот се обидува да одговори на прашањето која е улогата на уметноста во човечката цивилизација, од каде произлегува потребата од уметност и која е нејзината основна намена или зошто уметност?

– На почетокот од моето творештво како потенцијален уметник, се занимавам со некои прашања чии одговори се клучни и непишани правила кои треба да се земат во предвид при создавање на секое едно уметничко дело. Секој потенцијален автор треба да ги побара одговорите, размислувајќи за своите потреби, желби, чувства, размислувања и сл., и нивната поврзаност со творечкиот инстинкт. Да се запраша кои се најискрените причини поради кои тој создава уметност и каква е таа. Во потрагата по е одговори, тргнавод детството, за во тогашниот мој светоглед да ги пронајдам корените на мои творечки тенденции. Стигнав до дела со кои истовремено како тема се опфатени  прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон, но и карактеристиките на тоа што, таков каков што сум, имам да го понудам при моето изразување преку ликовната уметност – вели авторот.

Нестороски е дипломиран сликар на ФЛУ во Скопје. Учествува на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во Струга и Скопје. Организатор е на првата Треш-арт колонија на ДРИМ-ОН фестивалот која резултира со јавен перформанс. Имал 4 самостојни изложби во Струга, Скопје, Кичево… Моментно работи во ателјето во Струга и држи часови по ликовна уметност.

Loading