Иницијатива
Поширокото семејство на покојниот универзитетски професор, Д-р Велко Силјаноски кој е роден во Прилеп во 1936 година покрева иницијатива за поставување на плоча на патеката на заслужните прилепчани пред ЦК ,,Марко Цепенков,, со барање до Комисијата за одбележување на значајни настани и личности на Советот на општината Прилеп.
Силјаноски е основачот на македонската фонологија и компаративна лингвистика. Припаѓа на генерацијата македонски лингвисти кои преку изучувањето на странски јазици и современите движења во науката за јазикот ја втемелија современата компаративна лингвистика и продуктивна научна дисциплина на нашиве простори. Неговата триесетгодишна научна, педагошка и општествена дејност е верно и непорекливо сведоштво за еминентниот лингвист и брилијантниот предавач и педагог. Во плодната научно-наставна активност објави значајни трудови од областа на фонетиката и фонологијата. Почина во Скопје во 1993 година
Предлогот за пригодно одбележување на животот и делото на Д-р Велко Силјаноски е поддржан и од Друштво за наука и уметност од Прилеп, зашто ќе биде големо роднокрајно признание и заслужена морална сатисфакција на целото негово семејство и за македонската лингвистичка наука.