ЕМ БЕЗ ПАРИ, ЕМ БЕЗ СЛИВА

Селска жена правела нова куќа. Отишла во градот кај дограмаџијата да порача за куќата врати, прозорци и кујнските потреби. Договориле, мајсторот и калфите да ја монтираат дограмата во куќата за истите пари. Парите ќе се плателе по монтажата.

Откако ја направиле дограмата, мајсторо и калфата ја товариле на кола и отишле кај домаќинката. Работеле и по мрак. Бидејќи во селото немало струја, мајсторот и калфата запалиле свеќи и ја завршиле монтажата. Откако сé било готово, мајсторот ја викнал домаќинката да му плати. Стопанката на куќата, место пари да му плати, му рекла на мајсторот:

– Сиромашка сум. Пари немам. Дали можи во темницава да направиме една партија жешка работа и да се платиме?

Мајсторот ги опулил очите. Бил мераклија, а таа лична. Се согласил. Во темницата, почнал да буричка долу-горе меѓу нејзините нозе. А тој, палежен, никако да се разбуди. Свиткан ко банана. Не станувал, оти мајсторо бил во одминати години. Мести, мести, и ништо. Го свикал калфата да му запали свеќа и да ја држи, белким на свеќа ќе ја погоди вратата. И пак ништо.

Калфата му рекол на мајсторот:

– Мајсторе, подржи ја свеќава, да видам во што е работата!

Само што ја зел мајсторот свеќата, калфата ја свршил работата и му рекол на мајсторот:

– Готово, работата е свршена!

Се налутил мајсторот на калфата му рекол:

– Готово е откако јас ти ја држев свеќата, а ти, мочко еден, и една свеќа не знаеш правилно да  држиш. Каков мајстор ќе бидиш?

Мајсторот останал ем без пари, ем без слива.

Loading